Компанијата Damilah донираше нови 200 дрвца за пошумување

Тим билдинг во регионот на Демир Капија

Тим-билдинг во регионот на Демир Капија

Викендот кој ни помина тимот на Кајак.мк реализираше уште едно прекрасно тим-билдинг патување во регионот на Демир Капија. Овојпат со нас другаруваа вработените од компанијата „Damilah“.

За Тиквешкиот регион и Демир Капија, можеме само да потврдиме дека се региони со огромен потенцијал за развој на туризмот. Се што треба е компаниите почесто да размислуваат како преку тим-билдинг патувањата да им дадат дирекна поддршка на локалците, кои за Кајак.мк претставуваат значајни двигатели на туристичките приказни во регионите ширум државата.

Пример за дирекна поддршка на локалната екомонија даде компанијата Damilah, која преку агендата посети неколку локални семејства чии приказни вреди да се слушнат и искусат.

Приказните на винаријата „Пешков“ и ателјето „Зингибер“ ни беа првите попатни дестинации, а додека пак, домот на чичко Мишо во село Чифлик беше нашата крајна дестинација.

Од едукација за процесот на преработка на грозјето и производство на вино, изучување на резбарството, планинарска тура покрај прекрасната река Бошава, дегустација на разни вина парирани со храна, па се до ора во домот на Чичко Мишо. Сите овие активности доколку ги сумираме, резултираат со позитивни искуства кај вработените и со дирекна финансиска поддршка кон домаќинствата.

Нам не радува фактот дека ваквите тим-билдинг настани кои ги организираме ние им овозможуваат на вработените да научат нови информации, да се стекнат со нови вештини, а нивната компанијата да се покаже како општествено одговорна со тоа што им дава дирекна поддршка на локалните домаќинства.

Покрај поддршката на локалната екомонија, комапнијата Damilah преку тим-билдингот донираше нови 200 дрвца за пошумување кои ќе бидат засадени за време на есенската акција. 

ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment