Викендица во Нижеполе – Мир и природа во близина на Битола
3,025.00 ден
Вклучено во цена:
- За 2 лица: од 50
- За 3 лица: од 70
- Цената може да биде повисока за празници и ек на сезона
- Греење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Викендица во Нижеполе – Мир и природа во близина на Битола. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Викендицата се наоѓа во село Нижеполе, во близина на Битола, на тивка и мирна локација, идеална за одмор во природа, зимски туризам и релаксација со семејството или пријателите. Во непосредна близина има ресторани, хотели, скијачки центар, манастири, цркви и прекрасни планински предели.
Локација
Адреса/Локација: Викендица – село Нижеполе, Битола
Област: Тивка и мирна средина
Соседство: Населено место со добри соседи
Капацитет и сместување
Викендицата има максимален капацитет до 7 гости и
располага со:
- 4
соби
- 4
кревети
- 3
брачни кревети
- 1
единечен кревет
Објектот е погоден за семејства, парови или помали групи кои
сакаат мирен престој во природа.
Опременост на сместувањето
Собите и објектот располагаат со:
- Wi-Fi
интернет
- Клима
уреди
- Телевизори
- Камин
на дрва
- 2
комплетно функционални кујни
- 2
купатила
- Три
спрата, при што еден спрат е посебен
Кујните се достапни за користење на гостите и овозможуваат
подготовка на храна за време на престојот.
Паркинг и дополнителни погодности
- Приватен
паркинг за до 5 возила
- Простор
за оставање велосипеди
- Мирна
и пријатна атмосфера за одмор
Атракции и активности во близина
Во близина на викендицата се наоѓаат:
- Скијачки
центар Нижеполе
- Ресторани
и хотели
- Манастири
и цркви
- Планински
прошетки и природа
- Градот
Битола на кратко растојание
Локацијата е одлична за љубители на зимски спортови,
планинарење, викенд одмор и бегство од градската гужва.
Check-in / Check-out
Сместување (Check-in): По договор
Одјавување (Check-out): По договор, според потребите на гостите
Клучот од сместувањето го предава сопственикот
Хигиена и одржување
Постелнината и пешкирите се менуваат по договор и по
потреба, во зависност од должината на престојот.
Греење и ладење
- Клима
уред
- Камин
на дрва
Домашни миленици
Не е дозволен влез на домашни миленици.
ЛОКАЦИЈА