Хотел "Ла Тераца": Стар Дојран, Македонија

Вклучено во цена:

  • Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
  • Цените варираат во зависност од барањата на групата

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт (може да се додаде во цената)

Хотел La Terrazza: Стар Дојран, Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.


Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Хотел "Ла Тераца" е сместен во Стар Дојран, на само два километри од грчката граница. 

Идеалната локација наспроти Дојранското крајбрежје, овозможува прекрасен поглед кон езерото, пријатен простор за одмор, рекреација и забава и врвна услуга.

Хотелот располага со 39 делукс соби распоредени на 4 ката и 6 апартмани на 3 ката.

Секоја соба и апартман има балкон со поглед на езерото, брачен кревет со можност за трето легло, клима-уред, телевизор, бесплатен Wi-Fi, мини-бар, директна телефонска линија и приватна бања опремена со фен и пешкири.

Во склоп на хотелот се наоѓа ресторан кој нуди појадок на база на шведска маса.

Хотелот располага со конференциска сала со капацитет до 70 седишта, комплетно опремена со два ЛЦД проектори, озвучување, флип-чарт табли, бежичен и статичен микрофон, говорница и бесплатен Wi-Fi.

На гостите им е обезбеден бесплатен паркинг, а рецепцијата е достапна 24 часа на ден, нудејќи собна услуга и дополнителни погодности за пријатен престој.

Дополнителни активности во кои може да се ужива:
  • Пешачење и возење велосипед
  • Риболов во Дојранското Езеро
  • Пливање и релаксација на плажите
  • Посета на културно-историски знаменитости (Црква Св. Илија, Саат-кула, Турска бања, Манастир Св. Марија Магдалена)
  • Учество на Д Фестивал
  • Гастрономско уживање во локалната кујна
  • Природата околу езерото
  • ЛОКАЦИЈА

    *Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

    Остави Рецензија

    Доколку го имате посетено ова сместување