Вила Sunny Side: Скопје
Скопски регионВилата се наоѓа на улица 12, Долно Соње, 1054 Општина Сопиште
Вклучено во цена:
- Цена за наем на цела вила 16,000.00 денари за 12 лица од ноќ
- Цена за наем на еден апартман 9,000.00 денари за 6 лица од ноќ
- Цена за наем преку ден за прослава и забава покрај базенот на отворено 18,000.00 денари за 10 до 30 лица
- Цените варираат во зависност од бројот на гости, период и број на ноќевања
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
- Летен сезонски базен
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Вилата располага со два апартмани.
Едниот е на приземје со излез на базенот, а
другиот е на спрат. Апартманот на приземје е 200м2 , има две спални со два брачни
кревета и еден единечен кревет. Дневната соба има гарнитура која се
спојува и станува брачен кревет и има една софа, лцд ТВ, трпезарија , кујна и
две купатила . Со дополнителни два кревета на развлекување, апартманот
има капацитет да прими 6 до 8 лица.
Апартманот на првиот кат е 160м2 со две
спални, едната е со брачен кревет, а другата е со два единечни кревета кои по
потреба може да се раздвојат. Дневна соба, лцд ТВ, трпезарија, кујна и
две купатила. Овој апартман има капацитет да прими 6 лица.
Вилата располага со двор од 1000м2. Вилата
поседува голем базен од 60м2 кој од мај до октомври се топли до 28 степени и
гостите можат да го користат бесплатно. Покрај базенот има бар со кујна и две купатила, маси и столици за
30 лица и 10 лежалки. Заради тоа погодна е за организирање забави и прослави.
Апартманите се со чиста постелнина, во секоја соба има клима уред и wifi.
Секој апартман има опремена кујна со садови, фрижидери, рерни, шпорети и се што е вообичаено.
Објектот располага со wi-fi.
Објектот има приватен паркинг бесплатен.
Максималниот капацитет за ноќевање е до
12 лица.
Check in: 14.00 часот
Check out: 12.00 часот
Клучот се подига од сопственикот кој ги пречекува гостите во вилата.
Доколку гостите останат повеќе од 3 дена врши промена на постелнините и пешкирите.
Сместувањето дозволува влез на домашни миленици и има простор за остава на велосипеди.
Контакт за резервација: 070307878
Коментари
-
Matea Mateva
21.08.2023 14:52
Вилата е преубава и комплетно опремена за уживање. Но односот на сопствениците е ДНО ДНА! Тотално непрофесионално и безобразно е да не не известат дека ја издаваат вилата а истите живеат во неа додека е издадена. Исто така бевме под постојан надзор како со класната од основно...... Ужасно и срамно е што постојано бевме опоменувани за гласна музика , која не надминуваше 70 децибели апропо законот за забави, а имавме потпишан договор во кој беше наведено дека ќе има забава. А најголем срам е што македонскиов менталитет нема да се смени никогаш, па газдите повикаа и полиција во сопствената вила која ја изнајмуваат... У Ж А С ! Воедно на терасата кај базенот каде што беше забавата мирисаше на леш и скапано овошје, а во едната од собите наидовме на памперс пелена полна !!! ( веројатно од претходните гости) Па претпоставете колку беше чиста вилата..... Никогаш не би ја препорачала, оценка -3! Засрамете се!
-
Марија Симјаноска
21.08.2023 11:14
Пишува наем на цела вила, а сопствениците живеат на последниот спрат( без да ни кажат тоа), набљудуваат цело време. Уредно прашани дали може забава, музика, добиен потврден одговор и дека затоа ја издаваат, за забави. Ма како да не!!! За подоцна да викнат ТИЕ САМИТЕ ПОЛИЦИЈА, знам дека тие викнаа полиција зошто ги слушнав како го договараат тоа! Музиката беше гласна во дозволени децибели! И до дозволено време!!! Just skip them, that’s all
-
Emilija
21.08.2023 10:59
Преубаво уредена вила на одлична локација. Но, за сопствениците имам само еден коментар КАТАСТОРФА. Истите, живеат на последниот кат (за што не бевме известени) и постојано надгледуваат и се шетаат низ дворот. Замислете плаќате за изнајмување на приватна вила, а соспветниците ве гледаат од тераса и се шетаат низ двор. Уште во 18h на неколку наврати бевме предупредени за гласна музика, иако во договорот што го добивме јасно пишува дека музика е дозволена до 23h. И како тоа да не е доволно, сопственичката го вратила DJ-от кога пристигнал во вилата на своја рака, со објаснување дека немало договорено такво нешто. Секако ова е спротивно на она што се договоривме на почеток, затоа што прашавме и добивме одговор дека нема никаков проблем да донесеме сопствено озвучување и DJ.
-
Stefan Stefkovski
17.08.2023 07:56
Ужас и катастрофа. Во која вила во Македонија која се изнајмува за прослави, сопствениците на истата се во неа и те надгледуваат (како родители) во секое време. Во никој случај не ја изнајмувајте за родендени или девојачки/ергенски забави. Платено за 24 часовно изнајмување, но бевме избркани во 02 часот по полноќ! (најверојатно од страв да не ги пријават соседите, бидејќи работат на црно и земаат пари на рака). Причината која бевме избркани беше дека сме биле гласни, а можете и да замислите колку можеме да бидеме кога 13 луѓе во исто време зборат и седат во двор на отворено, а во позадина оди тивка музика од блутут звучник. И дома да седиме кај секој од нас ќе бевме „гласни“, а не во вила која е изнајмена за прослава и нагласено каква прослава! (без тоа да лумпуваме и да ечи музика во 02 по полноќ, Законот секој од нас добро го знае до кога може музика да се пушта). Како и да е, изборот е ваш, но искуството постои за да се пренесе и да се помогне на некого