СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Апартман во околината на Солун: Переа

Grcija
Цена од:

6,150.00 mkd

Вклучено во цена:

  • Цена за ноќевање од 4.310 денари
  • Цена за наем на апартманот во сезона е од 6.150 до 6.780 денари за едно ноќевање
  • Цената варира во зависност од бројот на ноќевања и лица
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Сместување во Переа, околината на Солун. Испратете барање за резервација и очекувајте мејл со потврда на цена. По добиениот мејл можете да извршите резервација. Резервирајте сместувања преку мејл, така е најсигурно и најбезбедно.


Max. Capacity : 4
Beds : 3
Check In : 14:00
Check Out : 10:00
Air Conditioned
Parking
Wi-Fi
Clean Air

Апартман во Переа (предградие на Солун, во близина на Халкидики и аеродромот)

Локација
Апартманот се наоѓа во Переа, приморско предградие на Солун, од страната на Халкидики, во близина на аеродромот.

Опис на сместувањето
Апартманот располага со пространа дневна соба со кујна и одделна спална соба, како и тераса со страничен поглед кон море. Во спалната соба има голем брачен кревет (160 см), а во дневната соба има кауч на развлекување (150 см) и двосед на развлекување.

Дневен простор
Во дневната соба има голем телевизор и клима уред.

Кујна
Кујната е целосно опремена со рерна, микробранова, фрижидер, машина за алишта, плотна за готвење и целосен кујнски прибор.

Содржини и удобности
Апартманот има Wi-Fi интернет и приватен паркинг.

Капацитет
Максималниот капацитет е до 4 лица.

Околина
Сместувањето се наоѓа во близина на песочна плажа, различни ресторани, кафулиња и продавница. Околината е мирна и тивка, идеална за одмор.

Check-in / Check-out
Check-in: 14:00 часот
Check-out: 10:00 часот

Пристап
Клучот се подига од кутија со шифра.

Дополнителни информации
Не е дозволен влез на домашни миленици. Обезбеден е простор за оставање велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Slavica Gjorgievska

    24.07.2025 19:33

    Zdravo. Ni treba smestuvanje za 15-17 avgust za 4ca ( 1 semejstvo).