Планинска вила во Нижеполе
3,100.00 mkd
Вклучено во цена:
- Ценовник
- Цената за наем на апартман започнува од над 4.000 денари по ноќевање
- Цената за наем на студио изнесува околу 3.100 денари по ноќевање
- Цените варираат во зависност од типот на сместувањето и бројот на гости
- Содржини и удобности
- Греење / Ладење
- Wi-Fi
- Јавен паркинг
- ТВ
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Опис на вилата
Вилата се наоѓа над селото Ниже Поле, во непосредна близина на одмаралиштето Стржево, нудејќи мирна и природна околина идеална за одмор.
Капацитет и соби
Вилата има вкупен капацитет за 15 гости и располага со 5 соби. Секоја соба е опремена со еден брачен и еден единечен кревет.
Содржини и удобности
Сите соби имаат телевизија. Дел од собите располагаат со сопствено купатило, додека останатите користат заедничко купатило и тоалет на катот.
Две од студијата имаат чајна кујна со вградени рингли, додека останатите соби користат пространа дневна соба со целосно опремена кујна.
На располагање се Wi-Fi и приватен паркинг.
Двор и активности
Вилата располага со голем двор. Во летниот период дворот е уреден со чадори за сонце и лежалки, а предвидено е поставување на монтажни базени. Исто така има лулашки за деца и камин за подготовка на скара.
Во околината има планини и реки, а домаќините организираат пешачки тури до „Пелистерските очи“.
Зимски услови
Во зимскиот период, покрај топлото сместување, вилата нуди изнајмување на скии и санки, како и инструктор за часови по скијање.
Храна
По желба на гостите, домаќините можат да подготват домашна храна.
Локација и амбиент
Локацијата е тивка и мирна, без многу објекти во околината, што ја прави идеална за вистински одмор.
Check-in / Check-out
Check-in: од 12:00 (флексибилно – може и порано или подоцна по договор)
Check-out: од 10:30 до 11:30
Одржување
Постелнините и пешкирите се менуваат на секои 5 дена.
Дополнителни информации
Домашни миленици не се дозволени, но во одредени случаи може да се направат исклучоци.
Вилата располага со простор за складирање на велосипеди.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Лена Стерјовска
19.01.2025 13:53
Добар ден, ние сме пет возрасни и едно дете. Дали ќе може да го земеме кучето, мал раст под 10 кг? И дали е слободна вилата од 7ми до 10ти февруари?
-
Лидија Костова
26.12.2024 16:00
Добар ден . Потребно ми е сместување за 2 фамилии .Едната фамилија е 2 возрасни и 3 деца и втората 2 возрасни и 2 деца.Термин од 12-01 /15-01.
-
elena stojanoska
19.10.2024 12:41
Здраво, дали вилата е слободна за Нова година, 31, 01, и 02 . За три вечери.
-
Liljana Gjurcinovska
12.01.2024 05:16
Slobodno od 19.01-21.01 apartman za cetvorica eden bracen krevet i dve edinecni,dva apartmana so po eden bracen krevet i po eden edinecen
-
Zoran Djukić - Beograd
28.04.2022 14:52
Poštovani, Interesuje me cena po osobi za vaš hotel. Za 9 osoba ukupno. Period 22/23.07 i 23/24.07.2022 god. I kažite mi gde se hotel nalazi, pošto nisam mogao da vidim. Unapred zahvalan Zoran Djukić - Beograd
-
Magdalena
17.04.2022 17:27
Zdravo.Ve molam dali imate slobodno za dvajca od 23-25 april dve nokevanja??
-
Горан
01.12.2021 22:26
Здраво, Јас сум Горан од Скопје и видов дека има слика од камин во вилата. Ме интересира дали навистина вилата има камин и ако има би сакал да прашам дали за нова година е слободна? Би сакал да ја изнајмам за три дена. Позз