Бутик Хотел: Александар Вила и Спа - Охрид, Македонија

Вклучено во цена:

  • Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
  • Цените варираат во зависност од барањата на групата

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт (може да се додаде во цената)

Бутик Хотел: Александар Вила и Спа - Охрид, Македонија. Ова сместување може да се резервира исклучиво за групи од над 10 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако сместувањето нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.


Макс. Капацитет : 24
Кревети : 12
Check In : 15:00
Check Out : 11:30
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух

Бутик Хотел: Александар Вила и Спа, со четири ѕвезди, е лоциран во населба Рача во Охрид.

До водите на Охридското езеро има пет минути пешачење од оваа локација.

Градбата на хотелот е софистицирана, комбинирана со модерен декор и удобност.

Александар Вила располага 12 апартмани кои имаат површина од 40м2.

Сите се модерно опремени со кревет со кралска големина, посебен простор за седење со софа, фотељи и масичка за кафе. Апартманите исто така располагаат со LCD телевизор од 32 инчи, кабловска телевизија, џакузи, мини бар, клима (греење/ладење), телефон, СОС аларм, на барање на гостите се обезбедува лап топ, факс и печатач, услуга во соба, бањарки, папучи, услуга за перење на барање на гостите, бесплатен интернет на користење во целиот хотел.

Гостите можат да уживаат во отворениот базен и џакузито на отворено, како и во затворениот базен со солена вода.

Спа & велнес центарот располага со внатрешно џакузи, финска (сува) сауна, парна сауна и професионални масажи.

За љубителите на активен одмор, достапна е модерно опремена фитнес сала.

Во пријатна атмосфера, Lounge Bar со камин нуди совршено место за релаксација, а барот покрај базенот и ресторанот во градината обезбедуваат незаборавно гастрономско искуство.

Хотелот располага и со приватен затворен паркинг за сите гости, како и детско игралиште за најмладите.

Домашни миленици не се дозволени.

Check-in: 15:00-00:00
Check-out: 05:00-11:30

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување