Апартмани во срцето на Прилеп – модерен престој на чекор од Саат Кулата
3,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Цел објект (два апартмани): 6.000 денари / ноќевање
- 2 лица: 3.000 денари / ноќевање
- 3 лица: 4.000 денари / ноќевање
- 6 лица: 5.000 денари / ноќевање
- 8–9 лица: 6.000 денари / ноќевање
- Вообичаената цена е околу 50 евра за еден апартман или 100 евра за целиот објект, а може да варира во зависност од сезоната.
- Цената може да биде повисока за празници и ек на сезона
- Греење/Ладење
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Апартмани во срцето на Прилеп – модерен престој на чекор од Саат Кулата. Mожете да резервирате со испраќање на барање. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл со цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Доколку сакате да го доживеете Прилеп од најдобрата можна локација, овие модерно уредени апартмани се вистинскиот избор. Сместени во самиот центар на градот, на неколку чекори од Саат Кулата и Старата чаршија, нудат врвна удобност, приватен паркинг и лесен пристап до сите најпознати знаменитости.
За сместувањето
Објектот располага со два комплетно опремени апартмани,
идеални за семејства, поголеми друштва или повеќе парови.
Во двата апартмани се достапни:
- Две
спални соби со брачни кревети (180 × 200 см и 160 × 200 см)
- Два
кревети на спуштање, секој наменет за по две лица
Вкупниот капацитет на целиот објект е 8 до 9 возрасни
лица, а располага со 4+1 кревети.
Опременост
Гостите имаат на располагање:
- Два
дневни престои
- Два
Smart телевизори (165 см и 155 см)
- Две
модерни купатила со туш кабини
- Два
фена
- Преса
за коса
- Пегла
- Бесплатен
Wi-Fi интернет
Кујна
Секој апартман располага со сопствена комплетно опремена
кујна и трпезарија, која вклучува:
- Електрични
плотни
- Микробранова
печка со грил
- Тостер
- Dolce
Gusto апарат за кафе
- Комплетен
кујнски прибор и садови
Паркинг
За гостите е обезбеден бесплатен приватен паркинг,
веднаш до објектот – вистинска реткост за сместување во строгиот центар на
Прилеп.
Локација
Апартманите се наоѓаат во строгиот центар на Прилеп, во непосредна близина на Саат Кулата.
Сместувањето е опкружено со историски знаменитости,
ресторани, кафулиња, продавници и сите градски содржини, кои се достапни на
само неколку минути пешачење.
Атракции во близина
Во непосредна близина можете да ги посетите:
- Саат
Кулата
- Старата
прилепска чаршија
- Градскиот
плоштад со споменикот на Крали Марко
- Музејот
„11 Октомври“
- Маркови
Кули
- Манастирот
„Св. Архангел Михаил“
- Могилата
на непобедените
Прошетки и активности
Локацијата овозможува сите најважни знаменитости да ги
посетите пеш.
Прошетајте низ:
- Старата
чаршија
- Саат
Кулата
- Градскиот
плоштад
- Паркот
на револуцијата (Могила на непобедените)
Во непосредна близина се наоѓаат и бројни ресторани,
кафулиња, маркети и продавници.
Пријава и одјава
- Check-in:
најрано од 14:00 часот (препорачано по 17:00 часот)
- Check-out:
до 12:00 часот, со можност за продолжување до 13:00 часот доколку има
слободен термин.
Пристап
Апартманите користат смарт брави, без физички клуч.
Кодот за влез гостите го добиваат непосредно пред пристигнувањето.
Хигиена
Постелнината и пешкирите се менуваат по договор, во
зависност од должината на престојот.
Дополнителни информации
- Домашни
миленици не се дозволени.
- Нема
простор за оставање велосипеди.
- Објектот
користи сопствени соларни панели и батериски систем од 30 kW.
- Греењето
и ладењето се обезбедени со парапетни клима-уреди, а во спалните соби и
купатилата има подно греење.
ЛОКАЦИЈА