Вила на Матка: Магичен допир со природата
2,500.00 ден
Вклучено во цена:
- Студио за 2 лица- горен спрат за едно ноќевање - 2.500 денари
- Во цената за студиото е вклучен и задениот дел од терасата, , голема скара, летна кујна со шпоретче за готвење, садови за една употреба и надворешен тоалет
- Студијата имаат панелки на струја за загревање. Студените денови воопшто не ја нарушуваат убавината на природата. Напротив престојот може да биде романтичен.
- Wi-Fi/TV
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до објектот
- Храна
Обејктот е ново градба од 2022-ра година. За резервација потребно е да испратите барање со пополнување на формуларот. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вилата е новоградба од 2022 година, сместена на атрактивна локација со прекрасен поглед кон реката Треска и Кањонот Матка. На гостите им се издава исклучиво спратот од вилата, кој нуди удобност, приватност и мирна атмосфера во природно опкружување.
Важно: Приземниот дел од вилата не се издава.
Сместување
Спратот располага со три независни студија, прилагодени за удобен престој на парови, семејства и помали групи.
Секое студио располага со:
• Сопствено купатило
• Брачен кревет (160 x 200 см)
• Фрижидер
• Тераса со поглед кон реката Треска и Кањонот Матка
Максимален капацитет: 6 лица
Број на кревети: 3 брачни кревети
Заден двор и надворешен простор
На гостите им е достапен само задниот дел од дворот, кој претставува идеален простор за дружење и престој на отворено и располага со:
• Простор до 8 лица
• Голема скара за печење
• Летна кујна со шпорет
• Сталажа за садови за готвење (тенџере, тава и сл.)
• Комплетен прибор за јадење (за една употреба)
• Надворешен тоалет
Паркинг
Во рамките на имотот има приватен паркинг за 4 леки коли, а веднаш до вилата има дополнителен безбеден простор за уште 5 до 6 возила.
Локација
Веднаш до вилата се наоѓа автобуска постојка на линијата број 60, која овозможува директна врска со центарот на Скопје за околу 40 минути.
Во непосредна близина се наоѓаат:
• Кам маркет
• Зелен пазар
• Бензинска станица
• Амбуланта
• Ветеринарна станица
• Ресторани и кафе-барови
Што да посетите во околината?
Кањонот Матка е една од најпознатите природни атракции во Македонија и нуди бројни можности за активен одмор и рекреација.
Во близина се наоѓаат:
• Пештера Врело
• Пештера Убава
• Пештера Кристална
• Подводната пештера Подврело
• Спелеолошки парк
• Манастири и цркви со значајно културно наследство
• Пешачки патеки покрај реката Треска
• Можности за кајакарење и пловење со чамец
Поради големиот број ранохристијански цркви и манастири, Матка често е нарекувана „Мала Света Гора“.
Зошто да ја изберете оваа вила?
• Одлична локација на само 15 км од центарот на Скопје
• Три независни студија со приватни купатила
• Простран двор со поглед кон кањонот на реката Треска
• Голема скара и летна кујна
• Приватен паркинг
• Мирна природна средина, идеална за одмор и релаксација
Преден двор
Предниот дел од дворот располага со простор за престој на 10 до 15 лица и е погоден за одмор, дружење и организирање заеднички активности. Се издава заедно со задниот дел како една целина или одделно можете да ги изнајмите преку линк за атракции.
Вкупен капацитет на дворот
Целиот надворешен простор може удобно да прими до 20 лица, што ја прави вилата одличен избор за поголеми семејства и групи пријатели.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Aleksandar
19.12.2024 19:39
Ubava ponuda 😉
-
Arta Halimi
04.12.2024 18:11
br na tel za rezervacija?
-
Николина Ангеловска
30.11.2024 23:06
Делува прекрасно, имам една мала забелешка, многу би било убаво да ставите печка со дрва, прекрасно за зимските денови <3
-
Цветанка Витанова
20.09.2024 20:49
Здраво, ако може да резервирам за 2 вечери 3 и 4 октомври. Се работи за две лица.
-
Jovana mladenovikj
19.07.2024 19:35
Sakam rezervacija
-
Александра Путевски
27.06.2024 12:06
Zainteresirani za nokjevanje za dvajca vozrasni so bebe za 29.06 edna vecer
-
Даниела Џамбазовска
07.01.2023 12:24
Искрено, прекрасно место за опуштање и забава во природа! Место за создавање прекрасни спомени на реката Треска!