Апартман во Скопје: Кисела Вода (До 4 лица)
2,706.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на апартманот за двајца по ноќ, за 7+ ноќи следува попуст 20%
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Апартманот во Скопје можете да го резервирате со испраќање на барање, по кое ќе добиете одговор на мејл. Откако ќе добиете одговор на мејл можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Апартманот се наоѓа на Ул. Есенинова бр. 13, Кисела Вода, 1000 Скопје, во нова зграда, со станови бр. 28 и 29 на 4-ти спрат.
Апартманите располагаат со две соби и тоалет, вклучувајќи
спална соба со брачен кревет и дневна соба со кујна. Во едниот апартман има
шанк наместо трпезариска маса.
Собите се опремени со смарт ТВ, два кревети кои се расклопуваат, голем плакар со
врати на лизгање и тераса достапна од двете соби. Тоалетот вклучува туш кабина,
машина за перење алишта, мијалник со огледало и шоља.
Кујните се целосно опремени со шпорет, фрижидер, чешма со
длабоко лавабо, елементи, чаши, чинии
и друго.
Wi-Fi е достапен со брзина од 50-70 мб/сек.
Апартманите имаат
приватен паркинг во затворена гаража на -1 ниво, со по едно паркинг место за
секој апартман.
Максималниот капацитет е 4 лица по апартман, со 2 лица во
спалната и 2 лица во дневната.
Во близина на зградата има паркче, а во околината се наоѓаат
ресторани, кафулиња,
продавници, и менувачница за пари.
Апартманите се на 10 минути пешачење од Главната Железничка
и Автобуска станица, и на 20 минути од Ист Гејт Мол. Сместувањето се наоѓа во
мирна и урбана област.
Check in: 14:00 часот
Check out: 10:00 часот
Гостите можат да си го земат клучот од keybox поставен пред вратата на апартманот. Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 4 дена, а апартманите се средуваат темелно после секој престој.
Сместувањето не дозволува влез на домшани миленици.
Во
близина има патека за пешачење и е на 1 минута од главната улица кај “Рампа”.
Центарот на Скопје е на околу 20 минути пеш.
ЛОКАЦИЈА