Вила Стара Чешма: Село Љубојно
1,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена по лице од ноќевање
- Сместувањето може да се резервира со минимална бројка од 6 лица
- Греење
- TV/Wi-Fi
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Вила „Стара Чешма“ се наоѓа во село Љубојно. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Располага со 5 соби и вкупно 13 легла, со можност за додавање
на 3 дополнители.
Објектот има заедничка опремена кујна, а преку лето има и
отворена кујна за користење.
Сместувањето можете да го резервирате минумум 6 лица за
престој, поради затоплувањето.
Во околината можете да возите велосипед и да планинарете.
Сместувањето има Wi-Fi.
Сместувањето има паркинг.
Check in: 12:00
Check out:10:00
Клучот се подига од самите домаќини.
Доколку гостите останат повеќе од 7 дена се врши промена на
постелнините и пешкирите.
Сместувањето дозволува влез на домашни миленици и има
простор за остава на велосипеди.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
ime
08.08.2023 18:02
Ви благодарам на одговорот. Се надевам дека и сопствениците ќе бидат потранспарентни во иднина, за да и ние туристите знаеме што да очекуваме од самото сместување, и да се избегнат вакви непријатни ситуации и за двете страни. Поздрав
-
Кајак ТИМ
07.08.2023 14:46
Почитуван Ime, Информациите за сместувањата ги пласираат сите сместувачи. Доколку сте престојувале и информациите не одговарат на сместувањето, тоа самите пребарувачи го читаат и знаат каде да резервираат. Ние како платформа вршиме проверка на сместувањата но со брзина на нашите можности. Ви благодариме што споделивте рецензија за сместувањето. Продолжете со објективноста, на платформта Кајак.мк коментари и рецензии не се бришат. Секое добро, Кајак ТИМ
-
ime
07.08.2023 12:00
Почитувани, дел од наведените информации за сместувањето не се точни. 1. Вклучено во цена: ТВ/Wi-Fi - нема ниту телевизор ниту интернет. 2. Објектот има заедничка опремена кујна, а преку лето има и отворена кујна за користење. - Потполно погрешно, објектот нема никаква кујна што можат да ја користат посетителите, па поради тоа и за најобично кафе сте принудени да седнете во ресторанот кој е во склоп на објектот. Ова не е начин за привлекување на туристи - напротив, создава само недоверба во Вас како портал и негативни оценки за сместувањето.