Куќата на Лара: Слатино

Вклучено во цена:

  • Се уште немаме официјална цена за ова сместување затоа би ви препорачале да ги контактирате сопствениците

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт

Собите се опремени се се што ви е потребно. Куќата е 150 метри квадратни, а градината е 600 метри квадратни. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 4
Кревети : 4
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Паркинг

Дали сте слушнале за село Слатино? 

До ова село можете да стигнете исклучиво по еден пат кој е од село Издеглавје и завршува во Слатино. Пред самиот крај на патот ќе ги пресретете врвовите на Илинската планина. Селото се наоѓа во областа Дебрца, на источните падини на Илинска Планина. Во атарот на селото се наоѓа Слатинско Езеро, кое своето име го добило од името на селото. Низ самото село тече и Слатинска Река, каде се вливаат и одливните води на Слатинското Езеро. Оддалечено е 35 километри од северно Охрид и Струга, а 39 километри јужно од Кичево.

Во селото се наоѓа споменикот посветен на револуционерите од илинденскиот и партизанскиот период, а има и споменик на жртва од масакрот кај Вејце.

Во селото има една продавничка. Но тоа не значи дека ова село нема богата историја. Овде се родени бројни личности кои биде дел од македонската преродба и создавањето на македонската држава.

Недалеку од селото се наоѓа Слатинското езеро, кое за жал го “нема“ поради пукнатата брана. Во селото се наоѓа и рустикалната куќа на Лара која за селото вели дека живее на едно од најубавите места на земјата. Куќата е со задржана автентичност. Куќата ја препорачуваме на семејства кои сакаат да истражуваат и изучуваат повеќе за историјата на нашата држава, за она што се случувало низ годините, а притоа да го почуствуваат на своја кожа преку престојот во ова рустикална куќа.

Собите се опремени се се што ви е потребно. Куќата е 150 метри квадратни, а градината е 600 метри квадратни, што ви дава до знаење колку „простран“ може да биде вашиот одмор, нели? Внатршноста како и надворешноста е со задржан оригинален изглед. Но и покрај тоа што се работи за традиционална куќа во неа има греење, камин на дрва, опремена кујна, машина за алишта, фен, а паркинг имате пред самата вила. 

Куќата располага со две спални соби, бања со тоалет, трпезарија и кујна.

Што можете да посетите?

Црква „Св. Богородица“ — средишна парохиска црква, без податоци кога е изградена. Иконите се дело на зографот и иконописецот Аврам Дичов и потекнуваат од 1908 година. Според натписот во поткуполниот простор, црквата е живописана во 1910 година.
Црква „Св. Недела“ — изградена во 1858 година. Фрескоживописана е од Аврам Дичов во 1875 година.
Црква „Св. Јован Крстител“ — манастирска црква, осветена на 26 мај 2002 година од страна на Митрополитот Тимотеј. Фреските се изработени од уметникот Драган Ристески од Охрид.

Манастири
Слатински манастир — сместен во близина на некогашното езеро, надвор од селото

Езера
Слатинско Езеро — некогашно вештачко езеро, изградено на Мраморечка Река
Реки
Слатинска Река — река која поминува низ самото село


ЛОКАЦИЈА

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување