Прекрасни бунгалови опколени со многу зеленило на Охридско езеро

Ohrid
Price from:

3,690.00 ден

Included in price:

  • Цените на апартманите се пресметуваат по ноќевање (независно од бројот на лица кои ќе бидат сместени (но секако до максималниот број предвиден за тој апартман) и се движат од 35 - 60 еур , во зависност од типот на апртман и терминот на кој се однесува резервацијата.
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Not included in price:

  • Транспорт до локацијата
  • Храна

Доколку сакате да резервирате апартман. Испратете барање за резервација, по испратеното барање ќе добиете подврда со вкупна цена на мејл, а потоа можете да потврдите. Практикувајте барања по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Max. Capacity : 23
Beds : 23
Check In : 13:00
Check Out : 10:00
Pet Friendly
Air Conditioned
Parking
Wi-Fi
Clean Air

Комплексот се наоѓа над Автокамп Елешец.

Комплексот располага со 4 посебни објекти во кои се сместени : 4 студиа и 1 фамилијарен апартман (со две спални соби, дневна соба, кујна и купатило)

Секој апартман има комплет опремена кујна, купатило, ТВ, бесплатен интернет, сопствен балкон и бесплатен паркинг

Во рамки на комплексот има кафе бар тераса за заеднички дружби или индивидуална релаксација, каде гостите можат да се освежат со безалкохолни и алкохолни пијалоци, сладолед и ужинка.

Комплексот има бесплатен Wi-Fi.

Сместувањето има приватен паркинг простор за 5 возила колку што е и бројот на апартмани.

Максимален капацитет во цел комплекс е 23 лица.

Комплексот се наоѓа над автокампот Елешец по пат кон селото Елшани кое е сместено на 10 км јужно од Охрид, меѓу Охридското Езеро и планината Галичица. На само 800м се наоѓа плажата Елешец каде лесно може да се стигне и пеш или со велосипед. Недалеку од комплексот Карали се наоѓа Заливот на коските - музеј на вода(Bay of Bones) 4.5 km.

Селото Елшани е извонредна почетна точка за планински прошетки или искачување по карпи во Националниот парк Галичица. Од друга страна, разгранетата мрежа од патеки, тесни селски улици и локални неоптоварени патишта се идеални за пешачење, трчање или велосипедизам, за луѓе од сите возрасти и степени на подготвеност.Недалеку од комплексот Карали се наоѓа Заливот на коските - музеј на вода(Bay of Bones) 4.5 km.

Комплексот се наоѓа во мирна област, заштитено од сообраќаен метеж и звуци но сепак 500м оддалечено од главниот пат кој води од Охрид до Манастирот Св.Наум Охридски. 

Комплексот е опкружен со семејни куќи и соседството е тивко и мирно.

Check in: Сместувањето е од 13 -14 часот , но секогаш сме спремни за отстапки на барање на гостите и доколку условите дозволуваат.

Одјавата е најдоцна до 10 часот , но секогаш сме спремни за отстапки на барање на гостите и доколку условите дозволуваат.

Клучевите се наоѓаат во сеф за клучеви за секој објект посебно. Гостинот добива шифра со која го отвара сефот и го подига клучот.

Постелнината и пешкирите се менуваат на 4 дена, но на барање на гостите може и почесто.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици. 

Сместувањето има простор за остава на велосипеди. Секој апартман има сопствен балкон и сопствено дворче, каде може да остави велосипед, опрема за плажа, детски играчки и слично.

ЛОКАЦИЈА

Leave a comment

If You Have Visited This Accommodation