СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Вила во Беровско

Berovo
Цена од:

10,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цената ја добивате со испратено барање за резервација
  • Цената може да варира во зависност од периодот (зима/лето), сезона, празници и слично
  • Wi-Fi
  • Паркинг
  • ТВ
  • Мини Бар
  • Греење/Ладење

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

За да ја резервирате вилата потребно е да испратите барање. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со вкупна цена. Доколку ви одговара цената ќе можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по мејл за ваша безбедност и безбедност на сместувањата.


Макс. Капацитет : 10
Кревети : 10
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух
Изолирано

Локација и природно опкружување

На само 2 километри од Берово, во една од најчистите и најмирни области во регионот, се наоѓа оваа пространа вила. Идеална е за сите кои сакаат да уживаат во чистиот воздух, природата и спокојот, а притоа да бидат во непосредна близина на градот и да го истражуваат Малешевскиот регион.

Вилата е сместена помеѓу Берово и селото Смојмирово, во мирна околина опкружена со зеленило.

Простран двор и приватност

Она што ја прави вилата особено впечатлива е огромниот и простран двор, кој остава впечаток дека е „бесконечен“. Големиот зелен простор нуди идеални услови за одмор, прошетки, престој на отворено и уживање во природата.

Вилата се издава исклучиво како цел објект, со што гостите имаат целосна приватност во текот на престојот.

Сместување и капацитет

Вилата располага со 5 двокреветни соби, со вкупен капацитет до 10 лица.

  • 3 соби со брачен кревет со димензии 180 × 200 см.
  • 2 соби со по два единечни кревети, кои по потреба може да се спојат во брачен кревет.

Сите соби имаат сопствено купатило, телевизор, Wi-Fi, минибар и фрижидерче, за удобен и безгрижен престој.

Паркинг и содржини

На гостите им е обезбеден сопствен паркинг, како и голем двор со многу зеленило и простор за одмор и уживање на отворено.

Пријавување и одјавување

  • Пријавување: од 12:00 часот
  • Одјавување: до 11:00 часот

Гостите ги пречекува сопственикот, кој им го предава клучот и ги запознава со вилата и нејзините содржини.

За подолг престој

Доколку престојот трае подолго од 7 дена, по договор со сопственикот, постелнината може да се промени на петтиот ден.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Ivana Grozdanovska

    25.11.2024 23:11

    Cena zs dve nokevanja 31.12 i 01 januari za 10 vozrasni i 6 deca

Разгледајте повеќе сместувања