СУПЕР ДОМАЌИН

Апартмани во Сокобања достапни на Кајак.мк

Srbija
Цена од:

1,230.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цените се движат од 1.230 до 3.690 денари за едно ноќевање
  • Цените варираат во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење/ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Апартманите во Сокобања можете да ги резервирате со испраќање на барање за резервација, по испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е побезбедно за вас и за домаќините


Макс. Капацитет : 40
Кревети : 30
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Сместување
Вилата располага со 12 апартмани и студија со различна структура и големина. Сите сместувачки единици имаат сопствено купатило, кујна или кујнски дел, како и основна опрема за пријатен престој. Обезбеден е Wi-Fi и приватен паркинг. Максималниот капацитет по единица е од 2 до 6 лица.

Структура по спратови
Приземје: Соба за 2 лица (16 м²) со брачен кревет (130x190), бања и кујнски дел. Има дворче. Греењето е електрично.
Приземје: Апартман (31 м²) со брачен кревет (150x190) и софа кревет (2+2), кујна и бања. Има простор за седење на отворено. Греењето е електрично.

Високо приземје: Апартман (46 м²) со две спални и дневна со софа кревет (4+2), кујна и бања. Нема сопствена тераса, но има простор за седење во ходник и надвор. Греење и ладење со инвертер клима и радијатори.

Прв кат: Студио (24 м²) со брачен кревет (150x190) и единечен кревет (90x200) за 3 лица, кујнски дел и бања. Нема тераса, но има простор за седење. Греење и ладење со инвертер клима.

Прв кат: Студио (24 м²) со два единечни кревети (90x190) кои се спојуваат, кујна и бања. Има сопствена тераса. Греење и ладење со инвертер клима.

Прв кат: Апартман (50 м²) со посебна спална и дневна (2+2), комплетно опремена кујна и трпезарија. Има сопствена тераса и два телевизори. Греење и ладење со инвертер клима и радијатор.

Локација и околина
Во близина има аква парк и спортски центар. Сместувањето се наоѓа во планинска област, опкружено со приватни куќи.

Период на работа
Отворено од 15 април до 15 ноември, како и за новогодишните празници.

Check-in / Check-out
Check-in: 14:00 часот
Check-out: 11:00 часот

Дополнителни информации
Клучот се подига од домаќините или одговорните лица. Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 5 дена или по договор.

Политики
Не е дозволен влез на домашни миленици. Обезбеден е простор за остава на велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување