Хотел Боград: Струга
3,707.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за двајца за едно ноќевање со појадок
- Греење/Ладење
- Wi-Fi
- ТВ
- Редовно чистење
- Паркинг за автомобили
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
Хотел Богард Струга, можете да го резервирате со испраќање на барање. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл. Практикувајте барања по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Локација
Хотел Боград се наоѓа во центарот на Струга, веднаш до новото шеталиште и во срцето на Струшката чаршија. Најблиската плажа е оддалечена 200 метри. Хотелот е луксузно уреден, со современи архитектонски решенија и стандарди кои одговараат на светските критериуми за квалитет и услуга.
Сместувачки капацитет
Хотелот располага со 22 сместувачки единици, од кои:
- 8 Стандард соби
- 9 Супериор соби
- 3 Делукс соби
- 2 Апартмани
Вкупниот капацитет е 22 основни легла и 22 помошни легла.
Опременост на собите
Секоја соба располага со сопствено купатило, ТВ со MAX TV канали, мини бар, плакар, сеф, клима уред, помошна масичка, шампон, сапун, средство за дезинфекција, бокал за топла вода, кафе и чај.
Дополнителни услуги
Хотелот нуди бесплатен Wi-Fi за сите гости и располага со приватен паркинг со капацитет за 10 автомобили. Воедно, обезбеден е и простор за оставање велосипеди.
Што има во близина
Хотелот се наоѓа во самата Струшка чаршија. На околу 100 метри се наоѓаат шеталиштето и реката Црн Дрим, а најблиската плажа е на 200 метри. Во непосредна близина се наоѓаат продавници, банки, менувачници, Спомен-домот на браќата Миладиновци, Црквата „Св. Никола“, Спомен-галеријата „Вангел Коџоман“ и Музејот „Д-р Никола Незлобински“.
Атмосфера
Иако хотелот се наоѓа во самиот центар на Струга, сместен е во мирна пешачка зона, што им овозможува на гостите тивок и пријатен престој.
Пријавување и одјавување
Сместувањето е од 13:00 часот, а одјавувањето е до 11:00 часот.
Клучот се подига на рецепцијата.
Хигиена
Пешкирите се менуваат секој ден, а постелнината на секои 3 дена. По барање на гостите, постелнината може да се менува и почесто.
Цени
Цените зависат од сезоната и исполнетоста на хотелот. Во летната, зимската и празничната сезона цените се повисоки.
Најниската достапна цена е 50 евра (околу 3.080 денари) по ноќевање за две лица, со вклучен појадок.
Дополнителни информации
Во хотелот не е дозволен престој на домашни миленици.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Vaska
16.07.2022 22:24
Kolku košta noćevanje za 1 osoba ? data:18.07.2022