Планинарски дом: Дедо Ило Јанчев: Село Горни Дисан

Вклучено во цена:

  • Престојот во домот е на база донација во кутија за донации
  • Греење
  • TV
  • Топла вода
  • Струја

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Планинарскиот дом има 13 душеци и два кревети. Во очекување се на нови кревети. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 15
Кревети : 15
Pet Friendly
Паркинг
Чист Воздух

Објектот има две големи соби, од кои спалната е 42 квадратни метри, а собата за дневен престој е 26 квадратни метри. Домот има засебно купатило, реновирана ново кујна која во посебна просторија, ходник од 18 квадратни метри и посебна просторија за домарот.

Греењето е на дрва и секоја просторија е солидно топла.

Во дворот има летниковец за 20 лица, тераса со поглед кон планина, три надворешни чешми и скара на жар.

Во домот има и TV и е под видео надзор. 

Домот има вода, канализација и струја. 

Во околината на домот има 25 километри траса за пешачење со планинарски знаци.

Гостите имаат можност за дегустација на вино од винарија Венец, а домот има соработка со ресторан „Софра“ за угостителски сервиси, за гостите кои не сакаат да готват во домот. Кујната во домот е обезбедена со уреди на плин, дрва и струја.


ЛОКАЦИЈА

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување