19.06.2021

Нуркањето во Охридско езеро е повеќе од спорт, тоа е проучување на историјата

Нуркањето во Охридско езеро е повеќе од спорт, тоа е проучување на историјата

Летото е совршен период од годината за истражување на Охридското езеро. Без разлика дали ќе го истражувате со кајак, брод, кајче или пак ќе се одлучите да нуркате во него, за нас секој начин е интересен и возбудлив. Но, она што можеби е доста важно да го потенцираме е фактот дека во последните неколку години значително расте интересот кај туристите за нуркање на познатите историски локалитети кои ги има Охридското езеро.


Еден од познатите локалитети за кои денеска ќе раскажеме е „ Плоча Миќов Град“ кој се наоѓа на Заливот на коските, а кој денеска е атрактивен музејски комплекс на кој има повеќе соодржини. Овој локалитет го пронаоѓа Милутин Секулоски, во чија чест локалитетот го добива своето име.


Ние разговаравме со неговиот син Јован Секуловски, кој уште од мали нозе ги следи постапките на својот татко, гради кариера на професионален нуркач и го промовира езерото во најдобро светло. Јован одвои дел од своето време за да ни ја презентира работата на нуркачко друштво „Амфора“, и да ги запознае туристите кои се заинтересирани да го истражат дното на езерото.


Јован вели дека нуркањето на археолошкиот локалитет има свои предности. Покрај тоа што туристите се обучваат и се стекнуваат со диплома за нуркање, исто така, тие се запознаваат со праисторијата на локалитетот, учат нови работи и имаат можност да се фотографираат покрј значајни артефакти кои се наоѓаат на дното на езерото.


Нуркачите имаат можност да поминат под дрвените куќи каде се уште има расфрлени керамички садови во разни форми, камени секири, керамички плочки кои служеле како тегови за рибарски мрежи, кружни камени блокови кои се користеле за мелење жито, амајлии, конструкции од дрвени колци и мноштво други камени алатки.


Оттука нуркањето продолжува кон песочна долина каде на шест метри длабочина има колонија слатководни ракови, а може да се сретнат јагули и разни школки и полжави. Доколку нуркачите се одлучат на длабочина од 40 метри ќе имаат прилика да се сретнат со колонии на ендемичен окружен округл сунѓер (Ochridaspongia rotunda). На такви длабочини температурата на водата на езерото е околу осум степени целзиусови.


Дека нуркањето во овој „град“ стана исклучително популарно, особено од овој вид археолошки туризам, покажува бројката на нуркачи кои ја има друштвото „Амфора“. Во моментот тие располага со 40 нуркачи.


Јован вели дека прегледноста во езерото е одлична. Туристите добиваат подводно фотографирање и снимање, а се забранува допирање археолошки наоди (со неколку исклучоци поради промотивни цели).

Според Јован нуркачите знаат дека морето и океаните нудат различен вид нуркање, но ако барем еднаш се нурнете во Охридското езеро, ќе имате ретка можност да се запознаете со праисторијата.

Резервирајте и вие нуркање со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.