19.11.2025

Го напуштиме градот и се преселивме на село: Така започна приказната за „Шумска градина“

Го напуштиме градот и се преселивме на село: Така започна приказната за „Шумска градина“

Мисијата на Кајак.мк е да ги промовира сите локални херои кои одлучиле да останат во Македонија и да ги мотивираат младите. Денеска ќе ве запознаеме со приказната на Мартин и Анастасија, кои создаваат свој свет кој од денеска е дел од Кајак.мк

Запознајте ги Мартин и Анастасија, двајца земјоделци и партнери кои пред десет години го започнаа своето патување кон живот поблиску до природата. Заедно ја создадоа Шумска градина – домашно и сертифицирано органско производство на зеленчук кое денес им носи здрава храна на семејствата низ Македонија.


Во нашата база на инспиративни приказни за локални херои, Шумска градина се приклучува како пример за љубов, труд и посветеност кон природата.
Во срцето на Македонија, Мартин и Анастасија одлучија да го напуштат градот и да создадат живот кој ги зближува со природата. „Сакaвме да живееме поинаку, со поинакви вредности. Првата пролет ја посветивме на одгледување органска храна за себе, а потоа сфативме дека тоа можеме да го споделиме и со други луѓе“, велат тие.

Секој ден во Шумска градина е исполнет со работа во градината – од садење, нега и берење на зеленчук, до складирање, сортирање и дистрибуција. „Предизвиците секогаш ги има, но со трпение и упорност, сите тешкотии се надминуваат“, додаваат Мартин и Анастасија.

Тие веруваат дека нивната работа не е само производство на храна, туку и промоција на здрави вредности: минимализам, скромност, грижа за животната средина и семејството. Со својата посветеност, тие ја покажуваат разликата меѓу органската храна одгледана со љубов и механизираните, масовно произведени производи.


И покрај сите предизвици, Мартин и Анастасија ги сакаат резултатите на својата работа – можноста да бидат заедно, да поминуваат време надвор и да гледаат среќа и задоволство кај своите муштерии.
„Сакаме да го зголемиме производството и да стигнеме до повеќе семејства. Сон ни е да има повеќе семејства во нашата околина кои се занимаваат со органско земјоделство, заедно да се поддржуваме и создадеме мала заедница“, велат тие.



Приказната на Мартин и Анастасија е пример за љубов кон природата, посветеност и рамноправност. Тие се локални херои кои ја прават Македонија посебна – со труд, визија и заедничка работа. За кајак.мк, тие се инспирација и доказ дека традицијата може да биде модерен начин на живот, а руралните средини – живи и динамични.

Наскоро нивната „Шумска градина“ ќе биде дел од Кајак.мк како автентично искуство.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија