23.04.2021

Вила на Пелистер идеална за љубителите на долги планински прошетки

Вила на Пелистер идеална за љубителите на долги планински прошетки

Пролетните и летни денови може да ги поминете на Пелистер, односно во преубавото Нижеполе. Тимот на Кајак.мк ви ја потенцира вилата Кико Mountain Village“ која може да биде ваш одличен избор за бегство од градот.

Станува збор за вила која има прекрасен двор идеален за разни активности. Искуството од претходните патници кои престојувале овде покажало дека е совршено за спортски рекрации и тоа на 1.100 метри надморска височина.

За тие коишто не знаат, Нижеполе е мало планинско село оддалечено 12 километри од градот Битола. Ова местото е одлично за активен туризам. Од вежбање јога во дворот до пешачење на планината Пелистер. За сите кои ќе се одлучат за резервираат престој овде, неопходно е да го посетат националниот парк. Тој се карактеризира со поголем број врвови и возвишенија повисоки од 2000 метри.


На Пелистер растат 88 видови на дрва од кои најпознато е Молика која расте само на неколку планини на Балканот. Факт е дека зелената боја ги одмара очите и ве прави смирени. Можете да талкате по цел ден и да не ви биде здодевно, а напротив ќе бидете исполнети со позитивна енергија.


Вилата исто така е идеална за престој со деца. Големиот двор е погоден за играње забавни игри или правење скара, а тоа го прави вашиот престој покомотен. Монтажниот базен е дополнително уживање за децата, исто така и за возрасните.

Околу вилата има зеленило колку ви душа сака. Можете да ги прошетате децата по прекрасните ливади и да берете природни чајеви заедно со нив, со тоа што ќе научат повеќе за природата.

Прошетајте низ Нижеполе.

Во околината на селото може да наидете на капинки, боровинки, малинки, шумски јагоди, шипки, печурки. Во ова вила можете да ја преместите вашата “канцеларија” и наместо од дома вашите работни обврски да ги извршувате од 1100 метри надморска височина. Исто така, ова вила е одлична за тим билдинг.

 
Повеќе информации за вилата ОВДЕ 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Вила со базен и раскошен двор во околината на Скопје

За оние кои работат он-лајн и имаат простор за движење низ државата, наш предлог е да се преселат овде на одреден период, а доколку имаат домашни милениче треба да имаат до знаење дека овде може да го понесат и своето милениче.

Планинска вила со базен во која секој мора да престојува!

Вилата се наоѓа во село Бигла. Сместена во село од разбиен тип со лесно пристапен асфалтен пат. Вилата располага со отворен базен идеален за разладување во летните периоди.

Вила на Беровско езеро идеална за цело друштво

Исто така, ова шармантна вила дозволува влез на домашни миленици, што ќе ви го збогати вашето патување со нови спомени со вашето домашно милениче.

За првпат во Македонија: Дрвени бунгалови со базен во село Стрезовце

Базенот е со димензии од 12x6, а покрај базенот има и летниковец со фурна и скара за максимално уживање на гостите.

Дали сте ја посетиле винаријата Queen Marija во Демир Капија?

Винаријата има свои сместувачки капацитетити за оние кои сакаат да останат на подолг период. Во самото дворче има високи дрвја кои обезбедуваат сенка во зеленото дворче.

Дали сте го посетиле рибниот ресторан Riverside на реката Треска

Ентериерот е автентичен на ресторанот. Менито е богато со локални специјалитети и риба. Музиката е пријатна и идеална за амбиентот и просторот.