23.04.2021
Вила на Пелистер идеална за љубителите на долги планински прошетки
Вила на Пелистер идеална за љубителите на долги планински прошетки
Пролетните и
летни денови може да ги поминете на Пелистер, односно во преубавото Нижеполе. Тимот
на Кајак.мк ви ја потенцира
вилата „Кико Mountain Village“ која може да биде ваш одличен избор за бегство од градот.
Станува збор за вила која има прекрасен двор идеален за разни активности. Искуството од претходните патници кои престојувале овде покажало дека е совршено за спортски рекрации и тоа на 1.100 метри надморска височина.

За тие коишто не знаат, Нижеполе е мало планинско село оддалечено 12 километри од градот Битола. Ова местото е одлично за активен туризам. Од вежбање јога во дворот до пешачење на планината Пелистер. За сите кои ќе се одлучат за резервираат престој овде, неопходно е да го посетат националниот парк. Тој се карактеризира со поголем број врвови и возвишенија повисоки од 2000 метри.

На Пелистер растат 88 видови на дрва од кои најпознато е Молика која расте само на неколку планини на Балканот. Факт е дека зелената боја ги одмара очите и ве прави смирени. Можете да талкате по цел ден и да не ви биде здодевно, а напротив ќе бидете исполнети со позитивна енергија.

Вилата исто така е идеална за престој со деца. Големиот двор е погоден за играње забавни игри или правење скара, а тоа го прави вашиот престој покомотен. Монтажниот базен е дополнително уживање за децата, исто така и за возрасните.
Околу вилата има зеленило колку ви душа сака. Можете
да ги прошетате децата по прекрасните ливади и да берете природни чајеви заедно
со нив, со тоа што ќе научат повеќе за природата.
Повеќе информации за вилата ОВДЕ
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.