Рачно изработени кожени производи од Книговез
Рачни изработки200.00 ден
Производите можете да ги нарачате со селектирање подоле. Можете да селектирате кои прозизводи и која количина сакате. По испратеното барање очекувајте да ве контактираме Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.
Книговез е занаетчиска работилница основана во Битола во
1979 година, специјализирана за изработка на рачно изработени производи од
хартија и кожа. Со проширувањето во Охрид, тие го збогатија својот асортиман со
кожни производи, вклучувајќи кожни корици за книги и рачно шиење. Активно
учествуваат на занаетчиски настани, презентирајќи ги своите дела и поканувајќи
ги клиентите да ја посетат нивната продавница.
Нивното мото вклучува искреност, самоспознавање, почит кон
конкуренцијата, упорност и континуирано учење.
Направи нарачка
Кожни футроли за пасош, рачно сошиени
Кожни футроли за пасош, рачно сошиени. Внатре има две прегради. За бојата на кожата, конецот и ластикот ќе мора да не контактирате или пак да проверите што имаме на залиха. Покрај овој модел имаме и друг модел (со додатни картички цена: 2000ден), но постои можност и да изработиме по ваш модел од слика, во рамките на нашата умешност.1,000.00 ден
Рачно сошиени кожни бележници
Кожни бележници, рачно сошиени, хартијата внатре е бланко (без линии), по желба може да биде печатена, со линии или со текст. Форматите од А9 (~ 4см х 5см) до A7 (7,5см х 10,5см) имаат ~ 96 листа (~ 192 страни), форматите од Б7 (~ 9см х 12,5см) до A4 (21см х 30см) имаат ~ 192 листа (~ 384 страни), формати поголеми од А4, по договор. Цена: за А5 формат (~ 15см х 21см) 1500ден1,500.00 ден
Кожно ташне за на точак
Кожно ташне за на точак, гајките за врзување може да се извадат и да се користи како мала рачна ташна. Димензии: ~ 17,5см х 8см х 6см. Бојата и конецот се одбираат по договор, или од тоа што имаме готови на залиха. Во одредени случаи се става и дупла кожа. Напомена: ташнето внатре нема додатни прегради.2,000.00 ден
Кожна книга за впечатоци
Кожна книга за впечатоци, рачно сошиена, А4 формат, (~ 400 листа, ~ 800 страни), печатена со лого на секоја страна и со гравирано лого на корицата. Книгите за впечатоци, книгите за посетители или пак книгите за дневници и слично, можат да се изработат во најразлични големини и дебелини (број на страни / листа), со различни материјали на корицата како што се текстил, тапет, книгопласт итн.6,500.00 ден