НОВО

Винска дегустација во Винарија Ерос – незаборавно органско винско доживување

Kavadarci Цена од:

1,500.00 ден

Винска дегустација во Винарија Ерос – незаборавно органско винско доживување. Доколку сакате да резервирате, испратете барање преку опцијата „Испрати барање за резервација“, наведете: избран датум број на лица избор на пакет Ќе добиете повратен одговор со вкупна сума и потврда.


Вклучено во цена:

  • Основна дегустација на 3 вина- Цена: 900 денари по лице
  • Дегустација на 4 вина со гурманска даска- Цена: 1.500 денари по лице
  • Дегустација со ручек и 5 селектирани вина- Цена: 2.400 денари по лице

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата (Доколку групата е поголема може да се организира превоз преку Кајак.мк)

Добредојдовте во винарија Ерос – место каде страста кон природата и органското производство создава уникатни, нискоинтервенциски вина со минимална количина на сулфати. Сместена во тивка и автентична средина, винаријата нуди интимно винско искуство за мали групи, совршено за љубители на природно производство, занаетчиска храна и автентични локални вкусови.

Секоја дегустација е внимателно дизајнирана да ви ја доближи целата приказна на виното – од органското грозје, преку природниот процес, до финалната чаша. Во комбинација со локални млечни и месни производи, ова е вистинска покана да станете дел од нашата винска култура.


Основна дегустација на 3 вина

Цена: 900 денари по лице
Група: 2–16 лица
Траење: ~1 час

Совршена воведна тура за гостите што сакаат да го запознаат стилот на винаријата и органскиот пристап кон виното.


Дегустација на 4 вина со гурманска даска

Цена: 1.500 денари по лице
Група: 2–8 лица
Траење: 1 час и 30 мин – 2 часа

Вклучува:

  • Дегустација на 4 внимателно избрани вина
  • Даска со селекција од млечни и месни локални производи

Идеална за гурмани кои сакаат вистинска хармонија меѓу вино и храна.


Дегустација со ручек и 5 селектирани вина

Цена: 2.400 денари по лице
Група: 2–6 лица
Траење: 2–3 часа

Вклучува дегустација на следните 5 вина:

  1. Калабалак Pet-Nat Розе
  2. Ева – бела станушина
  3. Талисман – жилка
  4. Адама – црвена станушина
  5. Розе Ева – розе станушина

Дополнително:

  • Традиционален заеднички оброк подготвен по локална рецептура
  • Секоја храна е внимателно усогласена со вината
  • Можност за замена на вина со други од иста цена или со доплата

Ова не е само дегустација — ова е целосно културно и гастрономско доживување.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар