Најдобриот начин да го почувствуваш Кавадарци е преку опуштеното темпо на живот, традиционалната храна и разговорите со луѓето кои со гордост ја раскажуваат својата винска приказна. Посети мали локални места каде што се служи домашно вино, пробај локални специјалитети и уживај во вечерната атмосфера на градот. Прошетката низ центарот навечер со чаша вино во рака и поглед кон осветлените улици е едно од најавтентичните искуства што го нуди градот.
НОВО
Автентична локална тура во Кавадарци: Тиквешко езеро, Манастир Св.Ѓорѓи Полошки и вински приказни
Kavadarci
Цена од:
1,200.00 ден
Доживеј автентично туристичко искуство во Кавадарци со локален ручек, винска култура и посета на Тиквешко Езеро. Совршена тура за љубители на природа, традиционална храна и локален начин на живот.
Вклучено во цена:
- Минималната цена по лице се движи од 20-40 евра во зависност од бројот на учесници и барањата на групата
- Организиран разглед на Кавадарци
- Посета на Вински музеј
- Посета на Манастир Свети Ѓорѓи Полошки
- Посета на Тиквешко Езеро
- Водич за турата
- Ручек кај локалци
- Дегустација
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да биде организиран и вклучен во цената)
- Лични трошоци
- Дополнителни активности
- Дополнителна храна, пијалоци и дегустации
Кавадарци е еден од најпознатите вински центри во Македонија и срцето на Тиквешкиот регион, познат по лозарството, традиционалната храна и гостопримливата атмосфера. Градот е сместен во плодна долина опкружена со лозја и ридести предели, што му дава посебен шарм и препознатлив идентитет. Покрај винската традиција, Кавадарци нуди и културни, историски и природни атракции кои го прават интересна дестинација за посета во текот на целата година.
Целодневна тура во Кавадарци - детална агенда:
Разглед на градот во центарот на Кавадарци
Прошетка низ главниот плоштад
Разглед на старите делови со локална архитектура
Кратко запознавање со винската историја на регионот
Посета на Вински музеј Кавадарци
Приказ на историјата на лозарството
Презентација на традиционални алати за производство на вино
Можност за дегустација на локални вина
Ручек кај локални домаќини
Традиционални јадења
Домашно вино
Автентично гастрономско искуство
Посета на Манастир Свети Ѓорѓи Полошки
Мирна духовна атмосфера
Панорамски поглед кон околината
Место за одмор и фотографии
Одмор покрај Тиквешко Езеро
Прошетка покрај водата
Уживање во природата и зајдисонцето
ЛОКАЦИЈА
*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.
Разгледајте повеќе атракции
СУПЕР ДОМАЌИН
Винска дегустација на македонско вино во Тиквешкиот регион – автентично искуство во семејна винарија
Цена од
Разгледај
1,107.00 ден
НОВО
Цена од
Разгледај
1,500.00 ден