Разглед на Отоманското наследство во Вардарскиот регион
Разглед на Отоманското наследство во Вардарскиот регион. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цена по лице: 50-250 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
- Трансфер (Скопје-Вардарски регион-Скопје)
- Лиценциран туристички водич
- Локален водич
- Влезници
- Турско кафе/чај
- Ручек
Не е вклучено во цена:
- Лични трошоци (пијалаци, сувенири и слично)
- Осигурување за патување
- Дополнителни оброци
- Дополнителни активности или атракции што не се вклучени во основниот пакет
Исламските споменици во Македонија се сведоштва за влијанието и големината на Отоманската империја, која кон крајот на 14 век ја вклучила Македонија во својот состав.
Петвековното отоманско присуство оставило длабоки траги врз културата, архитектурата и секојдневниот живот на луѓето. Под влијание на турската култура, се промениле менталитетот, јазикот и навиките на населението, а градовите добиле изразен ориентален изглед.
Најпрепознатливо наследство од тоа време е исламската архитектура – џамии, амами, анови и други објекти, кои и денес импресионираат со својата убавина. Во нивната изградба учествувале и македонски мајстори, кои во 19 век оставиле значаен печат преку резба и декорација.
Во нашата категорија на атракции, разгледот на Отоманското наследство е поделено по региони.
Вардарскиот регион ги вклучува градовите Велес и Неготино.
Велес, познат како Ќупурли или град на мостови за време на Османлиското владеење и Неготино познат како турски чифлик.
Освен познатите Саат кули на двата града, во нив може да се најде и по некоја џамија, медреса и други старини.
На нашата тура ќе бидеме придружени од локален претставник и лиценциран туристички водич.
Во турата имаме вклучено кафе и ручек.
Се поаѓа во утринските часеви, а се враќаме назад кон Скопје во попладневните часеви.
Турата се изведува на повеќе јазици во зависност од барањето на групата.
ЛОКАЦИЈА