Разглед на Отоманското наследство во Охрид и Струга - Македонија

Разглед на Отоманското наследство во Охрид и Струга - Македонија. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 70-170 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Охрид-Струга-Скопје)
  • Лиценциран туристички водич
  • Локален водич
  • Влезници
  • Турско кафе/чај
  • Ручек

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Турата започнува во раните утрински часеви со поаѓање од Скопје.

До Охрид стигнуваме за околу три часа - нешто повеќе од три часа.

По пристигнувањето го започнуваме нашиот разглед на Отоманското наследство. 

Секако со добро турско кафе или чај подготвен на традиционален начин.

Во Охрид ги посетуваме:

1. Хаџи-Дургутова џамија
2. Али-пашина џамија
3. Зејнел-Абедин паша теќе
4. Турбето на Синан Челеби
5. Турската управна зграда
6. Саат кулата на Сулејман ага

Познатиот турски патописец Евлија Челебија многу често знаел да го опише Охрид како богато, развиено трговско место, често споредуван со тогашните Дамаск и Каиро.

Во Струга која ја сметал за градот на панаѓурите на кои се собирале околу 1000 трговци, ќе ги посетиме:

1. Мустафа-Челеби џамија
2. Хелвети Хајат теќе

Турата завршува со ручек во попладневните часеви и поаѓање назад кон Скопје.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар