НОВО

Приватно едрење на Охридско Езеро

Ohrid Цена од:

7,400.00 ден

Откриј го Охридското Езеро со приватно едрење. Избери 2h, 4h или целодневна тура со пливање, зајдисонце и целосно прилагодено искуство. Испратете ни барање и ќе добиете персонализирана понуда. Практикувајте резервации и комуникација по писмен пат.


Вклучено во цена:

  • Приватно едрење 2 часа – 7.400 ден
  • Кратко sunset искуство, релакс и пливање
  • Приватно едрење 4 часа – 13.600 ден
  • Прослави, забава и повеќе застанувања за пливање
  • Приватно едрење 10 часа – 27.900 ден
  • Целодневно истражување и приватно уживање на езерото

Не е вклучено во цена:

  • Храна и пијалоци
  • Лични трошоци
  • Специјални барања (декорации, кетеринг, музика)
  • Дополнителни услуги надвор од договорената рута или времетраење

Охридското Езеро не е само дестинација – тоа е доживување што се памети. Едрењето овде значи движење низ едно од најстарите и најчисти езера во Европа, опкружено со планини, стари цркви и тивки заливи кои ја чуваат историјата на регионот.

Секое излегување на вода носи чувство на слобода – без гужви, без брзање, само вие, природата и звукот на водата. Бродовите и екипата што ги водат овие искуства се дел од долгогодишната езерска традиција, каде едрењето не е само туризам, туку начин на живот.

Ова е искуство што може да биде романтично бегство, весела прослава или цел ден авантура – целосно прилагодено на вас.

Тури кои можете да ги изберете:

2-часовно едрење – кратко бегство на езерото

Идеално за оние што сакаат да ја почувствуваат магијата на Охридското Езеро во кратко, но незаборавно искуство.

Може да вклучува:
Sunset cruise со поглед кон Охрид
Роденденска прослава на вода
Кратко пливање и релаксација во мирни заливи

Времетраење: 2 часа
Цена: 120€

4-часовно едрење – прослава и уживање на вода

Совршено за групи што сакаат повеќе време за дружење, пливање и откривање на различни делови од езерото.

Може да вклучува:
Девојачки и момачки забави
Приватни прослави со пријатели
Повеќе застанувања во тивки и чисти заливи

Времетраење: 4 часа
Цена: 220€

10-часовно едрење – целодневно езерско доживување

Цел ден на вода за оние што сакаат да го доживеат Охридското Езеро во неговата најавтентична форма – мирно, слободно и без брзање.

Може да вклучува:
Истражување на различни делови од езерото
Долги паузи за пливање и релакс
Целосно приватно искуство по ваш ритам

Времетраење: 10 часа
Цена: 450€

Прилагодено искуство

Секоја тура се прилагодува според вашите желби – од маршрутата до атмосферата на денот. Целта е да создадете ден на Охридското Езеро токму како што го замислувате.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар