НОВО

На ручек кај баба – Часови по готвење и автентично селско доживување во Трстеник

Kavadarci Цена од:

1,500.00 ден

Посети го селото Трстеник и доживеј вистинска македонска гостопримливост. Уживај во домашен ручек кај баба, научи традиционални рецепти и запознај ја локалната култура преку храна, приказни и дружење.


Вклучено во цена:

  • Цената по лице варира од 20-60 евра, во зависност од барањата и големината на групата
  • Трансфер до Трстеник и назад
  • Посета на локално домаќинство
  • Час по готвење и подготовка на традиционален македонски ручек
  • Ручек со локални специјалитети
  • Дружење со локалното население
  • Раскажување приказни за традицијата и начинот на живот
  • Фото моменти од турата
  • Кратка прошетка низ селото и околината
  • Лиценциран водич

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Доживеј вистинско локално искуство во Македонија. За да го почувствуваш вистинскиот дух на земјата, треба да ги посетиш малите села, да разговараш со локалното население и да уживаш во опуштена атмосфера пред локалната продавница со чаша домашна ракија и традиционално мезе од зденки и салама. Таму ќе слушнеш автентични приказни од постарите жители, кои со задоволство раскажуваат за животот во минатото и за традициите што се пренесуваат генерациски.

Покрај нашата класична тура во Кавадарци, која содржи мал локален шмек, ви нудиме и целосно автентично локално доживување – тура која ве воведува во срцето на традицијата, културата и селскиот начин на живот во Македонија.

Трстеник е мирно село во општината Кавадарци, сместено во срцето на Тиквешкиот вински регион, опкружено со лозја и ридести предели карактеристични за овој дел од Македонија. Селото е познато по традиционалното земјоделство, производство на вино и зачувување на автентичниот селски начин на живот.

Благодарение на природната околина и мирната атмосфера, Трстеник е идеална дестинација за краток одмор, гастрономско уживање и запознавање со локалната винска традиција. Тука имате можност да се запознаете со нашата гостопримлива бабичка домаќинка, која со задоволство ќе ве воведе во традиционалните вредности, домашната кујна и локалните приказни.

Што е вклучено во турата
Трансфер до Трстеник
Посета и дружење со локални жители
Час по готвење – подготовка на традиционален македонски ручек
Вклучен ручек
Активности со локалното население
Фотографирање на моменти од искуството
Раскажување приказни и културно запознавање
Кратка прошетка низ селото и околината

Зошто да ја одберете оваа тура
Оваа тура е создадена за оние кои бараат уникатно, автентично и незаборавно искуство со вистинско локално чувство и топло гостопримство.

За кого е погодна
Погодна е за групи од минимум 4 до 6 лица и повеќе, како и за семејства, пријатели и туристи кои сакаат да ја запознаат Македонија на поинаков начин.

Најдобро време за посета
Пролет и лето се најпогодни периоди за реализација на турата, кога природата е најубава, а селскиот живот е најживописен.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар