Кајак тура „Недопрени лагуни“ – Охридско Езеро | Национален парк Галичица
3,690.00 ден
Доживеј кајак авантура на Охридското Езеро низ диви плажи и лагуни во Национален парк Галичица. Посета на „Залив на коските“, капење, ручек и целодневна организирана тура со водич.
Вклучено во цена:
- 55 евра по лице (10–16 лица)
- 65 евра по лице (4–10 лица)
- 95 евра за еден учесник
- Лиценциран водич
- Влезници за предвидените локалитети
- Организиран ручек
- Освежување и овошје
- Безалкохолни пијалаци
- Целосна неопходна опрема за кајакарење
- Трансфер од и до договорената почетна локација
Не е вклучено во цена:
- Лични трошоци
- Осигурување од било каков вид
Наслов на авантура: Недопрени лагуни
Тип на авантура: Еднодневна екскурзија
Локација: Охридски регион, Национален парк Галичица
Опис на авантурата:
Оваа кајак тура нуди уникатна можност за истражување на источниот брег на Охридското Езеро, во предел кој се одликува со исклучително сочувана и недопрена природа. Рутата поминува покрај диви плажи, осамени карпести формации и жив свет карактеристичен за строго заштитеното подрачје на Националниот парк Галичица.
Турата започнува од селото Пештани, од каде што се упатуваме кон музејот на вода „Залив на коските“. Тука е предвидена пауза за разгледување и краток одмор.
Потоа продолжуваме кон југ, во правец на селото Трпејца, веслајќи долж брегот и покрај лагуни без присуство на урбани содржини. Во близина на селото е предвидена пауза за капење, а за љубителите на адреналин постои можност за скокање од карпа.
По паузата следува освежување со свежо овошје, по што се продолжува кон крајната точка. На враќање, непосредно пред Пештани, застануваме во ресторан достапен исклучиво по вода, каде што е организирана пауза за ручек и релаксација. По завршување на паузата, турата продолжува со враќање во кајаците и финализирање на активноста.
Детална програма:
09:00 – Поаѓање
Локација: Спортски центар Билјанини Извори
10:00 – Пристигнување во село Пештани и подготовка за турата
12:00 – Пауза со овошје
Локација: Св. Никола
14:30 – Пауза за ручек
Локација: Градиште – Бане бр. 2
16:00 – Завршување на турата во село Пештани
Времетраење: 7–8 часа
Вкупна должина на рутата: околу 14 км кајакарење
Тежина: Предизвикувачка
Минимален број на учесници: 4 лица
Максимален број на учесници: 16 лица
(Доколку интересот надмине 20 лица, се отвораат дополнителни термини.)
ЛОКАЦИЈА