Истражи го Охрид на целодневна тура од Скопје
Истражи го Охрид на целодневна тура од Скопје. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цена по лице: 50-250 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
- Трансфер (Скопје-Охрид-Скопје)
- Локален претставник
- Лиценциран туристички водич
- 30 минути возење со брод по Охридско езеро
- Ручек
Не е вклучено во цена:
- Лични трошоци
- Влезници за цркви
- Дополнителни атракции
Целодневна тура од Скопје до Охрид.
Поаѓање во раните утрински часеви.
Патувањето до Охрид е околу три часа.
За време на патувањето ќе организираме игри и забавни активности, преку кои ќе се запознаеме со историјата на градот и неговата околина.
Пристигнуваме претпладне.
На нашата целодневна тура ние се погриживме да го истражиме и доживееме Охрид на еден поинаков и уникатен начин. Освен посетата на најзначајните обележја, како историски и културни споменици, Охрид треба да се доживее и на начин на кој локалците живеат.
Групата ќе биде пречекана од локален претставник.
На најдобар можен начин ќе имате разглед на сите атракции, но со малку поинаков, автентичен дух, на уникатен начин ќе ви биде прикажано и раскажано се што никогаш не сте слушнале за овој град.
По посетата на стариот град и познатите атракции, ќе имаме посета на локалци, возење со брод, ручек кај локално семејство.
Нашата тура не би била комплетна и не би била во духот на кајак.мк доколку не би посетиле локални занаетчиски работилници.
А на крајот на денот, уживање со кафе и десерт со поглед кон Охридското езеро.
Враќање назад кон Скопје во приквечерните часеви.
(за подетални информации околу турата можете да ни пишете на [email protected])
ЛОКАЦИЈА