НОВО

Истражете ја Демир Капија: Природа, историја и гастрономија на едно место

Еднодневна тура во регионот на Демир Капија. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Демир Каписки регион-Скопје)
  • Посета на историско-културни атракции
  • Дегустација на вино во локална винарија

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Демир Капија, сместена во срцето на Македонија, е идеална дестинација за еднодневна тура, нудејќи комбинација на природни убавини, историски локалитети и културни атракции.

Еднодневната тура започнува со поаѓање од Скопје во раните утрински часеви.

По пристигнувањето во регионот на Демир Капија, следува многу пешачење, забава, адреналин, авантура.

Ќе го посетиме селото Клисура кое се наоѓа во јужниот дел на Македонија, на околу 5 километри јужно од Демир Капија. Лоцирано е на десниот брег на реката Вардар, на надморска височина од 240 метри. Познато е по природната атракција "Долина на кактусите," која се наоѓа над селото и е уникатна по голем број кактуси засадени од семе, што ја прави интересна туристичка дестинација. Во минатото, селото имало свој уникатен дијалект, но денес веќе нема постојани жители, бидејќи голем дел од населението се преселило во Демир Капија.

Демиркаписката клисура, позната по своите импресивни карпести формации и природни убавини. За љубителите на авантурата, нудиме можност за искачување по карпи со професионален инструктор, која ќе ви понуди уникатни погледи и искуства. За оние кои сакаат да го продолжат искуството, постои можност за ноќевање на портал прикачен на карпа, нудејќи уникатен поглед и авантура.

Истражување на археолошки локалитети.

За крај на денот имаме посета на локална винарија.

Поаѓање назад кон Скопје.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар