Еднодневна Винска Тура во кралската винарија Квин Марија

Еднодневна Винска Тура во кралската винарија Квин Марија. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-110 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Квин Марија-Скопје)
  • Разглед на винаријата и дегустација на вино
  • Ручек

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Еднодневна Винска Тура во кралската винарија Квин Марија

Кралската винарија Квин Марија се наоѓа на околу час и половина од главниот град Скопје. Подигната во 1928 година од српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ, по препорака на експерти од Франција и Австрија.

Капацитетот на визбата при нејзиното пуштање во употреба во 1931 година бил 150.000 литри вино, за чие производство се користеле четири стаклени базени од Австрија, а директно од Србија биле донесени дрвените бочви со капацитет од 4000 до 6000 литри.

По пристигнувањето од Скопје, турата започнува со разглед на околината и познатите атракции за регионот. Потоа се упатуваме кон самата винарија, каде ќе бидеме пречекани од професионален тим.

Следи обиколка на винаријата со професионален локален водич, дегустација на вина и соодветни деликатеси.

По обиколката имаме ручек, подготвен од најдобрите локални состојки.

По ручекот, можност за индивидуални прошетки во винаријата и околината, фотографирање.

Турата завршува со враќање кон Скопје во попладневните часеви.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар