Wine Hunting во Демир Капија – Винска авантура низ природа
5,500.00 ден
Wine Hunting во Демир Капија – Винска авантура низ природа. Доколку сакате да ја резервирате ова тура потребно е да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира турата, да пишете за вкупен број на лица. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор од локалниот водич со вкупна понуда и цена како и повеќе информации. Практикувајте писмени резервации, така е најбезбедно за вас и за организаторот.
Вклучено во цена:
- Oд 1 до 5 лица цена 5500 денари (5 Скриени шишиња вино од разни винарии)
- Од 5 до 10 лица цена 7700 денари (10 шишиња скриени од разни винарии)
- Од 10 до 20 лица 12.000 денари (20 шишиња вино скриени од разни винарии)
- Реализација на турата со локален водич
- Скриени шишиња македонско вино
- Одлично искуство за истражување и прошетка Демир Капија
- Дегустација на вино со објаснување
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
- Храна (може да се организираат дополнителни ладни и млечни даски)
Доживејте уникатна туристичка авантура во срцето на
македонскиот вински регион – Wine Hunting во Демир Капија! Ова е лесна и
забавна experience тура која комбинира природа, локална приказна, вино и
авантура.
Турата започнува низ живописни винови насади, а потоа
продолжува покрај течението на реката Бошава, низ густа шума и прекрасни
природни предели во околината на Демир Капија. Рутата е лесна и погодна за сите
возрасти и нивоа на физичка подготвеност, што значи дека речиси секој може да
ужива во ова искуство.
Но, ова не е обична прошетка…
Во текот на турата ќе учествувате во вистински „лов на вино“
– ќе барате скриени шишиња вино од различни македонски винарии, внимателно
сокриени по патеката. Секое пронајдено шише останува ваше, како дел од
авантурата и спомен од искуството.
Заедно со локален водич, ќе ги откривате тајните на Демир
Капија, богатата винска традиција, интересни локални приказни и убавините на
регионот.
Што да очекувате?
Лесна тура погодна за сите
Прошетка низ лозја, шума и покрај реката Бошава
Wine Hunting – потрага по скриени шишиња вино
Локален водич и интересни приказни за регионот
Автентично искуство во винскиот регион на Демир Капија
Посета на црквата Света Петка
Времетраење: околу 3 часа
Локација: Демир Капија и околина
Цена: во зависност од големината на групата – од 70€ до 150€
Подгответе се за вино, природа и авантура на едно место!
ЛОКАЦИЈА