Гастро искуства во село Серменин – традиционална македонска кујна и локални вкусови
1,650.00 ден
Гастро искуства во село Серменин со традиционална македонска кујна подготвена од домашни и локални продукти. Вегански, вегетаријански и традиционални дегустациски менија со автентични вкусови и домашни пијалоци од регионот.
Вклучено во цена:
- Комплетно дегустациско мени со традиционални македонски јадења подготвени од домашни и локални продукти.
- Веганска понуда – 2000 денари (1 лице)
- Вегетаријанска понуда – 1650 денари (1 лице)
- Традиционална дегустација – 2000 денари (1 лице)
- Групна понуда (2 лица) – 4000 денари
- Бојмија дегустација (4 лица) – 9300 денари
- Бојмија дегустација (8+ лица) – 16.000 денари
- Сезонски салати и предјадења
- Главни јадења (месни или вегетаријански/вегански опции)
- Домашен леб и традиционални десерти
- Дегустација на шумски сокови или домашно вино/ракија (според понудата)
Не е вклучено во цена:
- Дополнителни нарачки надвор од избраното мени
- Екстра пијалоци кои не се дел од дегустацијата
- Трансфер и организиран превоз
- Лични трошоци и индивидуални барања надвор од понудата
Гастрономското искуство е инспирирано од традиционалната македонска кујна, подготвена со домашни и природни продукти. Дел од состојките потекнуваат од сопствена градина и чистите предели на Кожуф планина, што на секое јадење му дава автентичен локален карактер и богат вкус.
Понудите се креирани како целосни гастро доживувања, кои вклучуваат вегански, вегетаријански и традиционални менија, како и групни дегустации. Секоја од нив е внимателно составена за да ја прикаже вистинската македонска трпеза, надополнета со домашни сокови, вина и традиционални десерти.
Гастро понуди – традиционална и автентична кујна
Сите јадења се подготвени од домашни и природни продукти, дел од нив од сопствена градина и Кожуф планина.
Веганска традиционална понуда за 1 лице
Цена: 2000 ден.
Македонска салата
Зеленчук на скара (тиквица, црн патлиџан, пиперка, морков)
Тавче гравче
Врган од Кожуф во грне
Домашен помфрит
Домашно лепче
Десерт: слатко од диви смокви
Дегустација на шумски сокови (боровинка, капина, дренка, аронија) или 0.5л домашно вино
Вегетаријанска понуда за 1 лице
Цена: 1650 ден.
Кожуф салата (марула, сирење, полнети шампињони со кашкавал)
Топено сирење со зеленчук и печурки
Чипс од тиквица со таратор
Домашно лепче
Десерт: арванија со слатко од диви смокви и сладолед
Дегустација на шумски сокови или избор: 2 аперитиви домашна ракија или 0.5л домашно вино
Традиционална македонска дегустација за 1 лице
Цена: 2000 ден.
Шопска салата
Печен црн патлиџан со домат и овчо сирење
Свинско со вргањ во грне
Домашен помфрит
Домашно лепче
Десерт: арванија со слатко од диви смокви и сладолед
Дегустација на шумски сокови или избор: 2 аперитиви ракија или 0.5л домашно вино
Групна традиционална дегустација за 2 лица
Цена: 4000 ден. (2000 ден. по лице)
Салата домат и краставица
Овчо сирење
Баница со сирење
Калачница или летен пинџур (сезонски) или ајвар (сезона)
Тавче гравче
Селско месо
Пилешко во грне со кашкавал
Домашен леб
Десерт: арванија со слатко од диви смокви
Дегустација: шумски сок или 4 аперитиви ракија или 1л домашно вино
Гастрономска дегустација од областа Бојмија за минимум 4 лица
Цена: 9300 ден. (2325 ден. по лице)
Сезонска салата
Овчо сирење
Биено сирење
Традиционални макала (ајвар, летен пинџур, лутеница, апетитка)
Тавче гравче
Таратор
Компир со праз
Имам бајалди (полнет модар патлиџан)
Баница со сирење
Печено ребро во фурна со компири (1 кг)
Десерт: арванија со слатко од диви смокви
Дегустација: шумски сок или аперитив ракија или домашно вино
Автентична дегустација од областа Бојмија за група минимум 8 лица
Цена: 16.000 ден. (2000 ден. по лице)
Салата домати и краставици
Овчо сирење
Имам бајалди
Бамјарник (бамја, кромид, модар патлиџан, домат)
Долма (полнети пиперки со месо, зеленчук и ориз)
Бубарник (зелник со грав и праз)
Срлија (баклава со локум и ореви)
Десерт
Дегустација: шумски сок или ракија или домашно вино
Дополнителна понуда за поголеми групи
По желба може да се организира прошетка до водопад Вера, посета на црква Св. Ѓорѓија и прошетка покрај течението на река Белица.
ЛОКАЦИЈА