Еднодневна тура: Посета на Пехчевски водопади и гастрономско искуство во Пехчево

Доколку сакате да резервирате потребно е да испратите барање за резервација со селектирање на терминот кој ви одговара. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл. Практикувајте барања по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цената варира во зависност од големината на групата и вклучените сервиси

Не е вклучено во цена:

  • Секој поединечен сервис може да биде отстранет од понудата

Доколку сте група од компанија, приватна група колеги, пријатели и сакате да ви организираме тура до Пехчево со локален водич кој ќе ви раскаже за убавините на овој крај, ќе ве запознае со сите битни информации за околната природа, водопадите и за секое каменче, тогаш испратете ни барање за да ви го организираме ваквото еднодневно искуство.

Групата треба да биде над 8 лица доколку сака организиран превоз од некој од градовите во Македонија.

По прошетката низ Пехчевската природа, продолжуваме на ручек во локален ресторан каде ќе ги вкусите сите традиционални специјалитети од овој крај.

Програмата вклучува: Организиран превоз со лиценциран водич, локален водич, ручек во локално гастро ќоше.

Цената варира од големината на групата.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар