Еднодневна авантура во Пехчево, Македонија
Еднодневна авантура во Пехчево, Македонија. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
- Лиценциран туристички водич
- Трансфер (Скопје-Пехчево-Скопје)
- Ручек
Не е вклучено во цена:
- Лични трошоци (пијалаци, сувенири и слично)
- Осигурување за патување
- Дополнителни оброци
- Дополнителни активности или атракции што не се вклучени во основниот пакет
Поаѓање од Скопје во утринските часеви.
Пехчево се наоѓа во Источна Македонија, во близина на границата со Бугарија. Познато е по зимскиот туризам.
Голем дел од површината во овој дел на Македонија се пасишта и шуми, а многу мал дел е обработливо земјиште.
Што ќе посетиме во Пехчево и неговата околина:
1. Пехчевски водопади
2. Вртена скала
3. Локалитет Св.Петка
4. Излетничко место Равна Река
5. Археолошки наоѓалишта - Големо Градиште
6. Посета на локалци и запознавање со нивната култура и начин на живеење
Турата ни завршува со ручек кај локално семејство.
Поаѓање назад кон Скопје во попладневните часеви.
ЛОКАЦИЈА