Еднодневно рурално искуство во Мариово од Скопје

Еднодневна тура до Мариово од Скопје. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Мариовски регион-Скопје)
  • Ручек
  • Посета на селото Зовиќ и познатиот филмски мост
  • Посета на историско-културни атракции

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Мариово е историска и живописна област сместена во југозападниот дел на Северна Македонија, позната по своите планински пејзажи, традиционални села и руралниот шарм. Областa се наоѓа во близина на градовите Битола и Прилеп. Карактеристична е по своите уникатни камени куќи, прекрасната природа и историските споменици.

Познат по своите планински пејсажи, долини, чисти реки и недопрена природа, Мариово е идеална дестинација за сите љубители на планинарење, велосипедизам и активности на отворено.

Селата во Мариовскиот регион се познати по традиционалните камени куќи и старински архитектонски стилови. Селото Зовиќ ќе биде една од нашите дестинации во овој регион, со посета на познатиот Камен мост, познат и како филмски мост, поради неколку сцени снимени овде.

Мариово е област со длабоки културни корени. Народните обичаи, музика, танци и занаети се важен дел од културното наследство, а жителите до денес ги негуваат, организирајќи традиционални фестивали и прослави.

Во овој регион се наоѓаат значајни археолошки наоѓалишта, како и стари манастири и цркви. Дел од нив се вклучени во нашата тура.

Мариовскиот регион е совршен за оние што сакаат да уживаат во природата, да се запознаат со традицијата и културата на Македонија, и да истражуваат стари и историски локации.

Тоа е дестинација каде времето изгледа застанало, идеална за љубители на природа, историја и рурална автентичност.

Денот ќе го заокружиме со традиционален македонски ручек во традиционална мариовска куќа со домашно приготвена храна.

Во поладневните часеви се враќаме назад кон Скопје.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар