Кањонинг за цело друштво во Мариово
6,765.00 ден
Резервирајте еднодневна авантура во Мариово. Кањонинг по реката Градешка и истражување на убавините на село Зовиќ. Турата можете да ја резервирате за мининум 5 лица, а максимум 25 лица. Доколку сте повеќе од 25 лица може да се организира турата во два дена. Испратете барање со селектирање на датумот на календарот на кој сакате да ја реализирате турата. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор во текот на денот со вкупна сума, по кој одговор можете да потврдите резервација. Практикувајте писмени резервации, така е најбезбедно за вас и за организаторите.
Вклучено во цена:
- Цената по лице изнесува 110 евра доколку групата е помала
- Доколку групата е поголема цента се намалува
- Во цената е вклучен траспорт од Битола до Зовиќ и назад
- Во цената е вклучена опрема:
- Неопренско – водено одело 4mm (едноделно од врат до петици)
- Алпинистички појас
- Шлем
- Останата техничка опрема (јажиња, карабињери, десендери и др.)
- Во цената е вклучена и храна за време на турата
- Професионален тим одговорен за реализација на цела тура
- Фотографии
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до Битола
Доколку барате уникатна авантура за цело ваше семејство, друштво, пријатели или колеги од работа, тогаш тимот на Кајак.мк ве води на Градешка река во Мариово каде се организира авантура која не сакате да ја пропуштите.
За првпат во Македонија, тим составен од професионалци ви го
организираат денот за „планинарење по река“.
За оние коишто за
првпат се сретнуваат со поимот „Кањонинг“, еве мал информативен параграф:
Кањонингот е авантуристичка активност која подразбира
поминување-пешачење низ кањони кои се наоѓаат во подножјата на планините во
фасцинантна и негибната природа, притоа совладувајки ги природните пепреки како
на пример, водопади, каскади, природни базени ( вирови) и слично.Во таа прилика
може да се користат различни вештини на пешачење и техники на качување и
спуштање, спуштање со јаже, пешачење по експониран терен или воден тек,
протнување низ тесни процепи, скокање во вода и пливање. Кањонингот е погоден
за поединци, парови, поголеми групи и семејства, сезоната трае од Мај до
Октомври. Ова е активност која се изведува со професионални и искусни
водичи на терен кој е претходно обезбеден и затоа не ви треба искуство за да го
доживеете кањонингот. Единствено потребно е да знаете да пливате и желба за адреналинска авантура. Со
помош на професионалецот до вас, ќе можете да се справите со повеќе пречки и да
достигнете подалеку во кањонот отколку што инаку би можеле.
Како изгледа турата која ние ја организирање на реката Градешка:
- Почетна точка во село Зович
Во село Зович се започнува со мала обука за претстојниот кањонинг, облекување на неопренските одела, појасите и шлемовите и запознавање со трасата на кањонингот. Потоа се влегува во кањонот и започнува кањонингот кој трае околу 3-4 часа.
- После поминување на целата траса од кањонот се искачуваме над кањонот и после 15 минути пешачење се враќаме на стартната точка во село Зович и со тоа кањонигот завршува.
Како дел од оваа
авантура е и испробувањето на традиционалните јадења на овој регион каде ќе
имате прилика да ги пробате старите вкусови заборавени во урбаните места
– домашен леб, овчко сирење, мед, месо, салати и овошје,
автентични за овој регион.
Опрема која ние ја обезбедуваме:
Неопренско – водено одело 4mm (едноделно
од врат до петици)
Алпинистички појас
Шлем
Останата техничка опрема ( јажиња, карабињери, десендери и др.)
Опрема која вие треба да имате:
Планинарски чевли или патики (тие целосно ке бидат водени за време на турата)
Костум за капење
Крема за сончање, крпа
Минимум учесници по тура се 5 лица, а максимум 25 лица.
ВАЖНО:
Секој учесник во кањонингот, ке добие ИЗЈАВА – ПИСМО ЗА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ, во кое ке биди објасната целата тура во детали, можни
опасности, план за безбедност – евакуација, и секој без исклучок ке треба да го
потпиши пред почеток на турата.
ЛОКАЦИЈА