Јавање коњи во Требиште

Mavrovo Цена од:

1,500.00 ден

Слободата која ја имаат коњите за совладување и искачување на различни терени, е незаменлива со ниедно моторно возило.


Вклучено во цена:

  • 2 часа јавање коњ
  • Освежување
  • Постојат различни пакети и различни цени

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт

Слободата која ја имаат коњите при совладување и искачување на различни терени е непроценлива и не може да се спореди со никое моторно возило. Посебно јавањето на коњи во близина на село Требиште.

Турите кои се организираат во помали групи, со максимален број на учесници до 6 лица, се идеална опција за тимбилдинг активности, фамилијарни излети, или дружење со пријатели и роднини. Ова е совршен начин да поминете време во планина со најблиските, уживајќи во мирното опкружување, далеку од градскиот метеж.

Со овие тури се настојува да се создадат незаборавни искуства за оние кои сакаат да истражуваат нови предели и да се впуштат во авантури.

Вклучувањето на локалното население во развојот на туризмот во оваа област го поддржува економскиот раст и помага во подобрувањето на условите за егзистенција во селото, каде коњите се клучен извор на приход.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар