Работилница по книговезење: Охрид
Организирајте се во групи и посетете ги забавните работилници кои се организираат за различни возрасти.
Вклучено во цена:
- Цените на работилницата зависат од интересот и барањето на групата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
Организирајте се во групи и посетете ги забавните работилници кои се организираат за различни возрасти. Од 10 годишни до пензионери. Драган вели дека преку ваквите работилници посетителите може да изработуваат минијатурни бележници со тврд повез, да шијат рачно производи од кожа и да уживаат во презентацијата на рачна резба од кожа.
Првата работилница започнала по барање на една девојка од Холандија, на 18 август 2014 година која ги замолила да и помогнат да си изработи ташна по нејзина желба. Работилницата беше успешна, девојката беше презадоволна, а ние продолживме да нудиме работилници се до денес, вели Драган.
Во работилницата посетителите имаат можност да пеат и да свират на разни инструменти. Книговез располага со едно пијанино и две гитари. Во летниот период може да се затекнат академски музичари кои имаат свои проби во работилницата.
Што се однесува до производите кои ги изработуваат денеска, секој нарачател преку бакалницата и секој посетител може да добие производ по своја желба. Секако во рамките на умешностите на занаетчиите.
Денеска може да најдете разни бележници, паричници, футроли за картички, приврзоци, ремени и уште многу други дела.
Доколку сакате да ги погледнете изработките кликнете ОВДЕ.
ЛОКАЦИЈА