СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН

Дневна тура во Охрид

Ohrid Цена од:

4,489.00 ден

Целодневна тура во Охрид, со или без организиран транспорт од Скопје. Доколку сакате организирана тура со лиценциран локален водич испратете барање со селектирање на денот, бројот на лица и доколку имате прашања слободно пишете ни. Одоговор со вкупна цена добивате во текот на денот.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице за организирана тура од Скопје до Охрид и назад
  • Организиран траспорт
  • Локален водич
  • Цената може да варира во зависност од бројката на гости и период

Не е вклучено во цена:

  • Храна

Посета на стариот град + патување со брод по Охридското Езеро


Започнете со волшебна пешачка тура низ Стариот град на Охрид и покрај живописните брегови на Охридското Езеро. Откријте ја богатата историја на областа додека ги посетувате знаменитостите како што се првиот универзитет во Европа, римскиот антички театар и Самуиловата тврдина. Восхитувајте се на прекрасните погледи на едно од најстарите езера во светот и завршете го вашето патување со вкусот на реномираната охридска пастрмка. Возењето со брод по Охридското Езеро ќе биде совршен крај на оваа прекрасна фантастична екскурзија.

 

Посета на стариот град + посета на Манастирот Св. Наум

Започнуваме со пешачка тура во стариот дел на градот. Галеријата на икони, импозантната Самуилова тврдина, Античкиот театар, манастирот Свети Климент на Плаошник, катедралната црква Света Софија (XI век) итн., се само дел од нашата богата агенда. На крајот од полудневната пешачка тура ја посетуваме занаетчиската работилница каде се продаваат оригиналните Охридски бисери и ќе ја слушнеме приказната како започнала нивната работа. Слободно време во центарот за разгледување на чаршијата.

Во попладневните часови се упатуваме кон најпосетуваниот манастирски комплекс кај нас, манастирот „Св. Наум“, изграден кон крајот на IX век, речиси на самата граница со Албанија. Ја посетуваме црквата со можност за факултативно возење со чамец во едно од најзаштитените еколошки подрачја, областа каде што се наоѓаат најмоќните извори на Охридското Езеро и реката Црн Дрим.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар