НОВО

Целодневна тура во Куманово и околината со посета на мегалитската опсерваторија Кокино

Целодневна тура во Куманово и околината. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Куманово-Скопје)
  • Влезници за мегалитската опсерваторија Кокино

Не е вклучено во цена:

  • Ручек/Вечера (можност да биде вклучено во цената и организирано на ваше барање)
  • Пијалоци
  • Лични трошоци

Куманово се наоѓа на околу 40 километри североисточно од Скопје, што го прави лесно достапен за кратко патување со автомобил или автобус. Времето на патување зависи од условите, но обично трае околу 40-50 минути.

Целодневната тура започнува во утринските часеви со поаѓање од Скопје на договорена локација.

Ќе ја посетиме мегалитската опсерваторија Кокино. Таа се наоѓа во близина на село Кокино, на околу 30км од Куманово. Познато по своите мегалитски структури и старо опсерваториумско наоѓалиште кое датира од 1800-1500 г. п.н.е. е еден од најважните археолошки локалитети во Македонија. Кокино е познат по својата астрономска функција, каде се користеле природни камења за мерење на времето и движението на небесните тела. 

Меморијален центар на АСНОММеморијалниот центар на АСНОМ, лоциран во близина на Пелинце, е посветен на значајните настани од антифашистичката борба и ослободувањето на Македонија. Тука се чува споменот на Првото заседание на Антифашистичкиот собир на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) од 1944 година, што ја поставило основата за формирање на современата македонска држава. Центарот претставува важен симбол на историското и политичко наследство на Македонија и е важна туристичка дестинација.

Посета на Зебрњак - историски рид кај Куманово, познат по споменикот подигнат во чест на загинатите српски војници во Кумановската битка во 1912 година, која била важен момент во Првата балканска војна. Споменикот, подигнат во 1937 година, е дело на архитекти и имал големо значење за српската историја. За жал, бил уништен за време на Втората светска војна. Денес, остатокот од споменикот е во руинирана состојба.

Истражување на Куманово со посета на:

- Плоштадот Нова Југославија

- Спомен Костурницата

- Црквата Св.Никола

- Цврквата Св.Тројца

- Татар Синан Бег Џамија

Слободно време за индивидуално истражување и фотографии.

Турата завршува во приквечерните часеви со поаѓање назад кон Скопје.

Куманово е идеално за патници кои сакаат да ја откријат културната разновидност на Македонија, со историски споменици, динамичен градски живот и близина до природни убавини. Градот е лесно достапен, има добри патни врски и нуди можности за прошетки, историски тури и уживање во локалната кујна.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар