Sherpa Horse Riding Macedonia

Тура со коњи на Галичник


Вклучено во цена:

  • Турата Русин е 1.690 и вклучува: 4,5 часа јавање
  • 1 час Обука за јавање (тренинг и совети за безбедност)
  • Опрема за јавање (шлем)
  • Пикник ручек (Традиционален локален овчи кашкавал, домашна пита, свеж зеленчук и чашка домашна ракија).
  • Презентација на стари фармерски техники
  • Водич на македонски јазик

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до Shepra Horse Riding

Во базата на Кајак.мк можете да ги најдете „Шепра Хорс Рајдинг“ за кои сме пишувале и претходно, а кои според нас се атракција која мора да се доживее.

Шепра нуди вестерн стил на јавање. Вие ќе јавате балкански планински коњи, издржливи и стабилни за стрмен терен, а исто така и полурасни арапски коњи. На овие јавања, треба повеќе да внимавате да ја спакувате соодветната облека за патување и да бидете сигурни дека сте доволно физички способни за патување.

Шепра има доста искусен тим кој може да се прилагоди на секое ниво на јавач, од почетник до напреден. Пред да започне јавањето, секој јавач од групата добива индивидуални инструкции со професионален водич.

До Шепра можете да пристигнете по патот до Галичник кој е еден и за жал нема друг скратен пат кој води до оваа место.

Кога ќе влезете во националниот парк „Маврово“, ќе возите до Маврови Анови, потоа продолжувате право и НАЈВАЖНО од се’ е да се исклучите на браната – лево, односно да преминете преку браната. Пред браната има знак, кој укажува дека за Галичник мора да се исклучите лево, но тој не е многу впечатлив. Доколку не го сторите тоа, се упатувате кон Дебар и за ЖАЛ, не постои скратен пат за да пристигнете до оваа дестинација.

Ранчот нуди разни тури како: Патека Русин, патека Салтаница, адреналинско искуство, а се нуди и можност за фамилијарно кампување.

Патеката Русин, претставува тура со планинско јавање, кое ќе Ве однесе преку бескрајните пасишта на планината Бистра до традиционалната фарма со овци РУСИН. На оваа тура ќе ја имате можноста да го посетите највисокиот врв Меденица (2.136 м) на планината Бистра со неверојатен поглед кон најживописниот дел од масивот Стогово (2.218 м). Јавајќи низ бескрајните полиња и карпести патеки, ќе искусите нешто сосема ново и поразлично.

Со посетата на старата фарма со овци РУСИН, ќе го почуствувате одблизу овчарскиот живот и ќе ја имате можноста да се запознаете со секојдневните овчарски рутини како што се производство на сирење, кашкавал и јогурт на традиционален галички начин. На крајот од турата ќе имате пикник ручек на ранчот Шерпа, каде ќе можете да го вкусите свежиот Галички кашкавал од фармата Русин заедно со домашна пита, свеж зеленчук и чашка ракија. 

Патеката Салатница пак е ексклузивно планинско јавање со поаѓање од ранчот, каде водичот ќе Ве води низ бескрајните пасишта на планината Бистра, па се до фармата со овци САЛТАНИЦА. На оваа тура ќе имате можност да го посетите највисокиот врв Меденица (2.136 м) на планината Бистра и да ја почуствувате свежината на дивиот планински дух.

Остави Коментар

Коментари

  • Драгана Манасиева

    24.04.2024 19:27

    Здраво Како се закажува?