Јавање магариња: Куратица

Разговарај на Viber Јави се на телефон

Наша нова препорака за уникатно и несекојдневно патување е „Леонов Двор“.


Вклучено во цена:

  • Уникатно искуство

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата

Наша нова препорака за уникатно и несекојдневно патување е „Леонов Двор“. Гастро дестинација која се наоѓа во селото Куратица. Идеална дестинација за фамилијарни прошетки, тим-билдинг патувања и престојување.

Оние кои за првпат се соочуваат со селото „Куратица“ треба да знаат дека оваа селце се наоѓа на 20 километри североисточно од Охрид или на 5 километри од самиот пат Охрид- Ресен. Куратица има свои прекрасни предели, а мештаните на селото се особено горди на планинскиот масив Мазатар од каде можете во исто време да ги гледате Охридско и Преспанско езеро. Селцето е сместено на 1080 метри надморска височина, а ние го сакаме поради тоа што успеало низ минатото да ја задржи својата автентична традиција и да ја негува и ужива природата.

Контакт за резервација: 075 777 665 или 075 470 761

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар