Дали сте слушнале за Леонов Двор: Село Куратица

Каде во Охрид Разговарај на Viber Јави се на телефон

Контакт за резервација: 075 777 665 или 075 470 761

Наша нова препорака за уникатно и несекојдневно патување е „Леонов Двор“. Гастро дестинација која се наоѓа во селото Куратица. Идеална дестинација за фамилијарни прошетки, тим-билдинг патувања и престојување.

Оние кои за првпат се соочуваат со селото „Куратица“ треба да знаат дека оваа селце се наоѓа на 20 километри североисточно од Охрид или на 5 километри од самиот пат Охрид- Ресен. Куратица има свои прекрасни предели, а мештаните на селото се особено горди на планинскиот масив Мазатар од каде можете во исто време да ги гледате Охридско и Преспанско езеро. Селцето е сместено на 1080 метри надморска височина, а ние го сакаме поради тоа што успеало низ минатото да ја задржи својата автентична традиција и да ја негува и ужива природата.

Денеска на сред село ќе го најдете леоновиот двор, кое како гастро дестинација нуди одлична можност да побегнете од градскиот метеж и да уживате во традиционалната храна, или можеби пак да појдете на прошетка со магариња.

„Леонов Двор“ има капацитет да нагости 50 лица, а овде може да ги вкусите специјалитетите како ѓомлезе, комат, питулици, но и качамакот или бакрданикот.

Ѓомлезе е стар традиционален специјалитет, подготвен под вршник.
Тајната е од старите мајстори,пренесена на младите генерации кои посветено ја пренесуваат од колено на колено.

Коматот е виткано и сукано во тепсија и печено под вршник. Волшебен специјалитет кој добива посебен уникатен вкус од самата припрема под вршникот.

Питулиците се стар Македонски специјалитет кој мајсторите од ЛЕОНОВ ДВОР го припремаат  до совршенство. Толку совршено а толку едноставно, само брашно, масло, сол, вода и сирење.

Качамакот или Бакрданик е стар Македонски специјалитет приготвен со пченкарно брашно. Може да биде направен со сирење, месо удина или чварки. Во секоја комбинација одлично се сложува со овчко кисело млеко.

Контакт за резервација: 075 777 665 или 075 470 761

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар