Истражување на Охрид и Галичица со АТВ возила
3,075.00 ден
Истражување на Охридско езеро со АТВ
Вклучено во цена:
- Минимална цена за наем на АТВ за едно лице за „Тура 1“
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локација на поаѓање
Центарот нуди
повеќе опции на располагање, во зависност од вашето искуство и вашето расположение
за возење.
Првата тура е со
професионален водич и е во траење од 2 часа.
Со атв моторите се посетуваат село Велестово, Шипокно и Коњско. Вкупното растојание
е 20 километри, а за време на турата имате вклучено безалкохолни пијалоци.
Втората тура е со професионален водич и трае 4 часа. Се посетуваат Велестово, Крстец, Асан Џура, а вкупното растојание е 40 километри. За време на турата имате вклучено пакет ручек и безалкохолни пијалоци.
Третата тура е со професионален водич и во времетраење од 6 часа. Со ова тура се посетуваат Велестово, Крстец, Асан Џура, Трпејца каде имате поглед кон двете езера, Пештани и Лагадин. Вкупното растојание на турата е 90 километри.
На располагање е „Ноќна
тура“ со професионален водич во времетрање од 2 часа. Се посетуваат Велестово
со поглед кон Охридското езеро.
Покрај наведените тури, постои можност и за приватна тура која самите ја организирате.
Од центарот ексклузивно дознаваме дека за првпат ќе воведат тура од Охрид до Ресен преку планина каде ќе биде организиран и ручек во етно ресторан.
Центарот располага со 10 возила во моментот, со што пред сезоната ова бројка очекуваат да се зголеми.
ЛОКАЦИЈА