Простор за настни во Шупли Камен

Kumanovo Цена од:

9,225.00 ден

Дрвена куќичка во Шупли Камен идеална за организирање приватни настани


Вклучено во цена:

  • Цена за изнајмување на просторот за максимум 25 лица
  • Греење
  • Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до објектот
  • Храна

Ако некогаш сакате да побегнете од градскиот хаос и метеж и да организирате приватен настан за вашите најблиски пријатели, роднини, колеги или друштво, тогаш на платформата на Кајак.мк ќе најдете уште едно уникатно местенце каде можете да бидете потполно изолирани од очите на јавноста.

Денеска ве водиме во Шупли Камен, излетничко место кое е оддалечено 8 километри од центарот на Куманово.

Капацитетот на дрвената куќарка е до 25 лица, а внатрешноста е опремена со тоалет, телевизор, а има 360 степени стаклен поглед кон природата.

До самата локација може да се пристигне со секаков тип на возило, а има и простран паркинг простор.

Објектот има wi-fi.

Повеќе информации за локацијата, како и контакт за резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар