АТВ тури во Маврово

Mavrovo Цена од:

3,690.00 ден

АТВ тури во Маврово можете да ги резервирате со испраќање на барање за резервација. Внимателно прочитајте го описот и одлучете која тура сакате да ја резервирате. Цените се фиксни, затоа ви препорачуваме доколку ви одговараат цените да испратите барање. Откако ќе испратите барање со селектиран датум, број на лица и инфо за која тура сакате да ја реализирате ќе добиете одговор на мејл и на смс. Практикувајте резервации по мејл и писмена форма, така е побезбедно за вас и за организаторите.


Вклучено во цена:

  • Ценовникот за рутите е следниот:
  • Рута 1 - 60€ од АТВ
  • Рута 2 - 100€ од АТВ
  • Рута 3 - 200€ од АТВ
  • На АТВ може да се возат две особи.
  • За секоја од рутите да биде успешно реализирана потребно е да се резервираат минимум 2 АТВ-а.
  • За тоа што има дополнително вклучено во турите прочитајте во опис на турата

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до Маврово

Рута 1
За да се реализира ова тура, потребно е да резервирате минимум 2 АТВ возила. На едно АТВ може да се возат 2 лица.
Опис на рутата: Поаѓање од Маврово и се вози кон Галичник. Се искалува пред местото наречено „Царевец“ и се влегува на шумски пат кој води кон село Кичинца. Пред село Кичинца се турата се спушта кон Мавровско Езеро, па се вози по брегот се до почетната точка.
Времетраење на рутата: 1 час и 15 минути до 1 час и 30 минути.
Должина на рутата: 20 километри.
Почетна надморска височина: 1230 метри.
Максимална надморска височина: 1528 метри.
Во рутата е вклучено: Обука за управување со АТВ, кацига и поткапа, придружба на обучен водич.


Рута 2
За да се реализира ова тура, потребно е да се резервираат минимум 2 АТВ возила. На едно возило може да се возат 2 лица.
Опис на рутата: Се тргнува од Маврово и се вози кон местото наречено Бојков Кладенец. Се влегува длабоко во шумата каде што патот води кон првото бачило кое ќе го сретнеме на оваа рута, а се наоѓа под врвот Сандакташ на планината Бистра. Се вози по планинскиот пат кој води во ски терените, каде што се наоѓа една од поубавите глетки на Мавровското Езеро, односно познатите букви МАВРОВО. Од тука се поминува покрај Галично Бачило, се спушта по галичкиот пат и се враќа назад во Маврово на почетната точка.
Времетраење на рутата: 2 часа и 30 минути до 3 часа.
Должина на рутата: 37 километри.
Почетна надморска височина: 1727 метри.
Максимална надморска височина: 1727 метри.
Во рутата е вклучено: Обука за управување со АТВ, кацига и поткапа.


Рута 3
За да се реализира ова тура, потребно е да се резервираат минимум 2 АТВ возила. На едно возило може да се возат 2 лица.
Опис на рутата: Се тргнува од Маврово и се вози кон Галичник до местото наречено „Царевец“ каде се исклучуваме од главниот пат и возиме кон скијачките терени. Се поминува покрај галично бачило и возиме кон буквите МАВРОВО, од каде возиме кон врвот Сандакташ кој се наоѓа над селата Никифорово и Леуново. Се искачуваме на врвот каде што го воочуваме прекрасниот поглед кон околните села на Мавровското Езеро, а воедно и градовите Гостивар и Кичево. По кратка пауза се спуштаме од врвот и возиме над село Леуново, а потоа кон одмаралиштето Бунец и планината Кожа која се наоѓа спроти врвот Сандакташ. Од таму, по уште една кратка пауза, се спуштаме кон село Врвен и возиме кон Маврови Анови, ја поминуваме браната и се спуштаме покрај брегот на езерото, од каде што возиме до почетната точка.
Времетраење на рутата: 6 до 7 часа.
Должина на рутата: 70 километри.
Почетна надморска височина: 1230 метри.
Максимална надморска височина: 1981 метри.
Во рутата е вклучено: Обука за управување со АТВ, кацига и поткапа, пикник/ручек (Мавровска пита, кисело млеко и безалкохолни пијалоци).

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • Irina Chudoska

    25.08.2024 08:15

    Ruta 1 za 4 lica