АТВ авантура низ Лешани и планината Мазатар: Доживеј ја природата со адреналин!
2,767.00 ден
АТВ тури во Лешани. Турите можете да ги резервирате со испраќање барање за резервација. Откако ќе испратите барање ќе добиете одговор со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте писмена резервација за ваша сигурност и безбедност.
Вклучено во цена:
- Цените се истаканти во табела во опис
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до стартна локација
АТВ авантура низ Лешани и планината Мазатар: Доживеј ја природата со адреналин!
Доколку сте љубител на авантури, природа и адреналин, АТВ турите кои започнуваат од живописното село Лешани се вистинскиот избор за вас. Сместено во срцето на општина Дебрца, на надморска височина од 1.086 метри, Лешани е опкружено со бујна природа, историски знаменитости и спектакуларни планински пејзажи.
Што нудат АТВ турите?
Турите ве водат низ недопрената природа на планината
Мазатар, дел од Плакенскиот масив, каде ќе уживате во густи шуми, свеж
планински воздух и панорамски глетки кон Охридското и Преспанското Езеро.
Патеките се внимателно избрани за да понудат возбудливо, но безбедно искуство,
прилагодено за сите возрасни групи.
Локации кои можете да ги посетите:
- Манастирот
„Сите Светии“ – средновековен манастир изграден во 1450 година, кој е
духовен и културен центар на селото.
- Пештерата
„Змија Дупка“ – се наоѓа на 2,5 км источно од селото, кај месноста
Бозоец, и е интересна за љубителите на спелеологијата.
- Археолошки
локалитети – како што се Градиште и Думејнчка Горица, кои сведочат за
богатата историја на регионот.
Времетраење и цени на турите:
Времетраење |
1 особа |
2 особи |
1h – 1:30h |
45 € |
60 € |
2h – 2:30h |
65 € |
85 € |
4h – 4:30h |
115 € |
135 € |
5h – 5:30h |
185 € |
200 € |
*Забелешка: Турите се водени од искусни водичи и вклучуваат
безбедносна опрема.
Флота и капацитет:
На располагање имаме 5 АТВ мотори, секој со можност за
превоз на две лица.
ЛОКАЦИЈА