Ски школа Љуботен

Popova Shapka Цена од:

1,500.00 ден

Ски школа Љуботен


Вклучено во цена:

  • Цена по лице од ден
  • Обуката трае од 09:00-13:00 часот
  • Обуката вклучува и храна и сокчиња
  • Транспорт од Тетово

Не е вклучено во цена:

  • Ски опрема (со можност за доплата)

Секоја година имаме традиција да го испиеме кафето со Вук и Бојан, двајца млади и амбициозни момци кои ја организираат ски школата „Љуботен“ на Попова Шапка.

Тимот на Кајак.мк е среќен што познава амбициозни инструктори кои секоја година обучуваат околу 500 нови деца за тоа како да скијат и како да уживаат во благодетите на зимата и снегот.

Вук вели дека школата трае се додека трае сезоната, некогаш таа е подолга, а некогаш пократка. Но сепак, задоволни од тоа што успеваат да го сработат во една сезона.

Ги мотивира фактот дека се поголем број деца се заинтересирани да го практикуваат активниот туризам.

За нив најважно од се е на секое дете да му се обрне доволно внимание и да може да научи правилно да управува со скиите.

Групите ги делат на почетници кои сакаат да го искористат распустот за да се стекнат со основните техники на скијање и искусни скијачи кои сакаат да ги усовршат своите скијачни способности.

За организаторите на школата, исто така доста важно е да децата да ги имаат сите подогдни услови за скијање. Од опрема па се до добро подготвени терени.

Школата поседува два полигони. Едниот е за деца кои за првпат се запознаваат со скијањето, а на вториот полигон е за оспособување на техниките и коондициона подоготовка. Вториот полигон е воведод во следните тренинзи и обуки кои се изведуваат на ски патеките.

Школата може да се пофали дека во едно сезона обучува околу 500 деца кои подоцна како јато се распространуваат по ски терените во Македонија и надвор од неа.

Контакт за информации: 072260915

Остави Коментар

Коментари

  • Мимоза Котларова

    11.01.2024 14:51

    Здраво, ме интересира дали школата има организиран превоз и за деца од Скопје, и доколку има како е тоа организирано и дали се плаќа дополнително. И колку чини ски опремата ако се изнајми од кај вас. Ви благодарам однапред.

  • Марјан Костов

    24.01.2023 11:53

    Ме интересира колку денови трае школата, дали има старосна граница и колку чини сето тоа

  • Тим на Кајак.мк

    14.01.2022 15:27

    Драга Љупка, Ве молиме јавете се на 072260915 Ова е бројот од школата. Секое добро, Кајак тим

  • Ljubinka Damjanovska Krstikj

    14.01.2022 15:18

    Pocetnik, devojce 11 god